Клучна состојка на кокосовото масло е лауринската киселина, која има силно антивирусно и антибактериско дејство и на тој начин штити од многу инфективни болести. Лауринската киселина се наоѓа и во мајчиното млеко. Уште една состојка на кокосовото масло е и каприлната киселина, која го поттикнува растот на ,,добрите,, бактерии, посебно бактериите на млечната киселина. Научните истражувања покажале дека каприлната киселина одлично се бори против кандидата и ги уништува паразитите во дигестивниот тракт.

Кокосовото масло е се почесто застапено во исхраната на спортистите и оние кои имаат проблем со вишокот килограми. Основна причина за тоа е фактот што кокосовото масло е помалку калорично од останатите масла, брзо се претвора во енергија и не придонесува за таложење на мастите во крвните садови. Тоа, исто така, го зголемува нивото на издржливост на организмот и на тој начин ги подобрува перфомансите на спортистите, а воедно е рангирано за најздраво масло во светот. Во својот состав содржи 90% заситени масни киселини (повеќето од нив се триглицериди), потоа повеќекратни незаситени масни киселини, мононезаситени масни киселини, одредени деривати на масните киселини, масни алкохоли, полифеноли, кои се одговорни за неговиот мирис и вкус, витамини Е и К и минерали. Се користи за решавање на многу здравствени проблеми и се препорачува како помошно природно средство за спречување настинки и за лекување на следниве заболувања: дебелина, дијабетес, срцеви болести, проблеми со бубрезите, висок крвен притисок, а се користи и за подигање на имунитетот, одржување нормално ниво на холестеролот, регулирање на варењето, за регулирање на метаболизмот, за здраво функционирање на штитната жлезда и уште за многу друго.

Едно мало шишенце со ова скапоцено масло крие многу тајни. Моќно и ефикасно делува на косата, лицето и телото, а еве за што уште се користи:

  1. Посветлува старечки дамки: Делува моќно за посветлување на т.н. старачки дамки. Делувањето му е брзо и едноставно. Само треба да се протрие на саканите места и да се остави преку ноќ. Резултатите ќе бидат видливи веќе за една до две недели.
  2. Ја спречува појавата на стрии: Верувате ли дека мали количини кокосово масло можат да ја спречат појавата на стрии, па дури и да ги отстранат? За само неколку недели, кокосовото масло ќе ви биде најдобриот пријател во борбата против стриите!

  3. Ги закрепнува расцветаните краеви на косата: Ако немате идеја како да се спасите од расцветаните врвови на косата, одговорот лежи во кокосовото масло. Земете малку масло, распределете го по косата, а потоа убаво поминете со чешел. Гледајте најмногу масло да ставите токму на краевите, но не прескокнувајте го притоа ниту коренот. Нека отстои преку ноќ, а потоа убаво измијте се.
  4. Го стимулира растот на косата: Сакате долга и бујна коса? Тогаш тука е кокосовото масло. Нанесете го исто како и кај расцветаните врвови на косата.
  5. Го поттикнува растот на ноктите: Третирањето на ноктите со кокосово масло ќе ги направи појаки и ќе го забрза нивниот раст.
  6. Има антиејџинг ефект: Можеби користењето на кокосовото масло наместо хидрантна крема не ви делува привлечно, но зошто да не се обидете и да се уверите во неверојатните резултати? Кокосовото масло има антимикробен и антибактериски ефект, успешно се бори против акните и го подмладува тенот, правејќи го посјаен.
  7. Се бори против габичните инфекции: Никој не би помислил дека кокосовото масло може да излекува нешто, но тоа е всушност моќен борец потив габите, посебно оние во вагиналниот дел. Се што ви треба е да ставите тампон натопен со кокосово масло и веќе по неколку часа ќе почувствувате олеснување, додека за неколку дена ќе можете да и кажете збогум на габичната инфекција.
  8. Ги брка бубачките: Кокосовото масло помешано со малку рузмарин и нане може да ги истера сите бубачки, и тоа без употреба на никакви хемикалии.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина