Сите знаеме дека тутунот е штетен за здравјето, но според најновите истражувања, никотинот сам по себе го заситува мозокот, не само кога старееме, туку и при болестите како што се Алцхајмеровата болест и Паркинсоновата

Докажано е дека тутунот е штетен за здравјето, но дури и алернативите како електричнте цигари содржат опасни токсини. Сепак, најновите истражувања на еден Универзитет од Тексас, САД, открива дека никотинот е всушност многу корисен за нашиот мозок. Имено, истражувачите на животните во водата која ја пиеле им додавале мали, средни и високи дози никотин, што кореспондира со повремените пушачи и зависниците од пушењето. На контролната група не и бил додаден никотин во водата. Оние животни кои добиле мали и средни дози не покажувале никакви знаци на земање на некакво средство, дури ни во крвта. Немало промени во внесувањето на храната, телесната тежина и немало последици врз мозокот.

За чудо, оние животни кои примале високи дози никотин, јаделе помалку, ја намалувале тежината и имале повеќе рецептори во мозокот. Сето тоа укажува на тоа дека никотинот, во високи дози, делува позитивно на однесувањето. А, нус-појавите, како што е на пример анкциозноста, сосема ја немало.

Понатаму ќе се вршат истражувања кои ќе се обидат да ја докажат врската помеѓу стареењето на мозокот и никотинот. Можно е дека со помош на неговата употреба и неговото толку силно делување на рецепторите во мозокот да се спречат болестите како Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест.

Научниците кои имаат работено на ова истражување сепак предупредуваат дека целта не им е да ги охрабрат луѓето да почнат да пушат, бидејќи тоа што го докажале треба допрва да се тестира на луѓе, а сите негови потенцијалнири ризици се уште не се докрај откриени.

 

Тагови: никотин
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина