Темјанушката (лат. Viola) се размножува со делба на возрасните растенија. На дното има жолто-кафеав џумкаст изданок со коренчиња слични на влакненца, од кои излегуваат фиданки кои развиваат нови темјанушки. Листовите се многу долги, заоблени, малку назабени, во основата срцевидни. За лек, тие се собираат на пролет, цветовите кога ќе се отворат, корено во есен, а целото растение во периодот на цветање. Се суши во сенка, на ветровито место, со цел цветовите да не ја загубат бојата. Цвета од март до мај. Понекогаш повторно цвета на есен. Цветовите се одделни и се наоѓаат на долги стебленца. Венчето се состои од пет неправилни латици кои се виолетови, бели, розови или светло виолетови по боја. Не смее да се поистоветува со африканската темјанушка, бидејќи се работи за два посебни вида. Тип на земја кој и одговара на темјанушката може да биде цврста или варовничка, но да биде свежа. Треба редовно да се полева, два-три пати неделно и никогаш не смее земјата да остане целосно сува. Никнувањето од семе е неправилно, бидејќи многу рани цветови не се опрашуваат. Како самоникнато растение, темјанушката може да се најде во светлите листопадни шуми, меѓу грмушките, покрај пат и живи огради.

Во својот корен темјанушката има сапонини, па поради тоа се користи како лек за омекнување на слузата и за полесно искашлување. Покрај сапонини, содржи и салицилна киселина, алкалоиди виоли и одоратин, кој е најлековитиот состав во неа, етерично масло и некои соли, витамин Ц и каротен. Служи за лекување на бели дробови, вени, бронхитис, ревматизам, слаба циркулација, проблеми со грло, стрес, срцеви тегоби и ,,уморни,, очи.

Според легендата, темјанушката толку освојува со својата миризба и убавина, што со неа и грдиот Хефест ја придобил наклонетоста на Афродита. Исто така, Зевс наполнил цела ливада со темјанушки за да ја утеши неговата љубовница, која ја претворил во јуница поради љубоморната Хера.

Миризливата темјанушка е прекрасен гласник на пролетта и една од најмиризливите растенија од своето семејство Violaceae, кое опфаќа околу 500 едногодипни и повеќегодишни видови. Грците ја прогласиле за симбол на плодноста, додека старите Римјани уживале во нејзиното слатко вино.

Рецепти со темјанушка

Против надуеност  – 10 гр. суви листови или 50 гр. свежи листови се варат пет минти со една лажица мед во 2,5 дл. Млеко. Поклопено се остава да отстои 15 минути. Се пие на секој час по една лажица, во текот на четири до шест недели.

Чај –  потребно е две лажици исушени и смелени делови од растението, 1,5 дл. вода и една лажица мед. Сувата мешавина се прелева со студена вода, се загрева до вриење и се вари уште пет минути потоа. Потоа се процедува и се лади додека чајот не стане млак. Му се додава медот и се консумира при воспалено грло или бронхитис, и тоа три пати на ден, по една мала шолја.

Масло – грст цветови се прелеваат со половина литар маслиново масло и по четири дена добиената смеса се процедува во помало темно шишенце. Служи за масажа на очните капаци и слепоочниците, но корисно е и за бронхитис, ревматизам, слаба циркулација и проблеми со грлото, но и за стрес.

Млеко за чистење лице Грст цветови се пелева со 5 дл. студено млеко и полека се загрева, но не смее да врие. Потоа млекото се лади, се процедува и се чува во фрижидер.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина