Пред да изедете ќеса чипс, погледнете што се крие зад тој толку голем копнеж по него, како да го ублажите и да го одбегнете вишокот на килограми.

 

Копнеете по: солена храна

 

Веројатно имате: Чувство како да ја губите контролата и немате енергија. Студиите покажуваат дека желбата по солена храна се зголемува кога ќе опадне расположението, па грицкањето чипс или солени переци е само ваш обид за да го подобрите.

 

Техника за одбегнување: Витаминот Ц (кој го има во цитрусните овошја и во зелениот зеленчук) и калиумот (од смоквите и сувото грозје) особено многу може да ви помогне да се изборите со оваа последица од живеење на животот на ,,брза лента,,.

 

Копнеете по: лута храна

 

Веројатно имате: Недостиг на цинк во организмот. Тоа создава чувство на замор и летаргија, па во тие мигови имате поголема потреба за зачинета храна.

 

Техника за одбегнување: Погрижете се да јадете на секои три часа, вклучувајќи притоа многу протеини, како што се јаткасто овошје, семки и галети од ориз со путер од кикиритки.

 

Копнеете по: кофеин

 

Веројатно сте: Уморни, здодевни ви е или едноставно сте го навикнале организмот на одредена доза кофеин. Ако пиете кафе кога сте под стрес, бидете свесни за фактот дека на тој начин само ја влошувате состојбата.

 

Техника за одбегнување: Вам не ви е потребно кафе, туку вода за да ја подигнете енергијата, чувството на замор е најчесто знак за дехидрираност. Чаша вода ќе ви биде од поголема полза, и тоа подолго време.

 

Копнеете по: слатки

 

Веројатно сте: Под стрес. Според научните истражувања, потребата за шеќер е начин на кој вашиот организам се труди да се избори со поитензивниот притисок.

 

Техника за одбегнување: Одете на прошетка. Студиите покажуваат дека 15-минутната прошетка може да ја намали желбата за слатки. Вежбањето ги балансира невротрансмитерите во мозокот и го зголемува нивото на серотонин (хормон одговорен за чувство на опуштеност, оптимизам и среќа), a со самото тоа го ублажува стресот, поради кого толку многу копнееме по парче чоколадна торта.

 

Копнеете по: тестенини

 

Веројатно се: Се чувствувате нераспложено или имате ПМС. Ако сте уморни или нерасположени, нивото на сератонин опаѓа, па поради недостиг на овој хормон на среќата, вашиот организам се обидува да го надомести преку јагленохидратите.

 

Техника за одбегнување: Јадете интегрални тестенини и храна со низок гликемиски индекс, како што се слаткиот компир и тиквата. Оваа храна обезбедува помал пораст на нивото на шеќер во крвта и полека се вари, обезбедувајќи му на организмот повеќе енергија, која трае подолго.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина