zdravi-zabi1

Плак всушност преставува насобрани бактеријии и хемикалиите кои ги испуштаат.Бактеријата понатаму продолжува да живее во тој филм, кој го изградила на забите и е познат како биофилм.На прв поглед слојот од плак можеби не изгледа опасно, затоа што лесно се отстранува со четкање.Но, ако слојот остане подолге време на забите, станува потешко, ја оштетува глеѓта на забите и доведува до формирање на забен камен.Накратко, забниот камен е всушност стврднат плак. Тајните за избегнување на настанување плак и забен камен не се всушност тајни,сите веќе ви се познати.Но, лошите навики лесно се прикрадуваат. Недостаток на време и само- дисциплината прави да се помалку се грижиме за себе и своето здравје.

Не ги четкате забите редовно

Можеби никој нема да забележи дали вашите заби ги четкате барем 2 пати на ден. Но, вашите заби сигурно ќе забележат.Забите нежно  четкајте ги 2-3 пати на ден со паста која содржи флуор.За да ја отстраните плакта, четкајте ги со кружни движења и од сите страни.Немојте да мислите дека плакта нема да се собере од внатрешната страна на забите.Исто така не заборавајте го јазикот, и него исчеткајте го како би ги отстраниле повеќето бактериите.

Не користите забен конец

Со четкањето на забите нема да ги отстраните остатоците од храна кои останале помеѓу забите. Токму на тоа место може да дојде до формирање на забен плак.Едноставно со користење на забен конец секој ден би ја спречиле појавата на овој проблем. Забниот конец ќе ги исчисти забите до работ на непцето. Ако плакта се прошири на непцето може да предизвика воспаление на непцата и парадентоза.

Не одите често на стоматолог

Дури и ако редовно ги четкате забите и користите забен конец, малку плак секогаш ќе остане. Ќе се зацврстува и  претвори во забен камен, кој треба да се отстрани. Истражувањата покажаа дека луѓето кои ретко одат на стоматолог почесто имаат проблеми со кариес и општи заболувања на усната шуплина. Исто така, имаат поголем ризик од губење на одредени заби. На забар треба да оди најмалку 2 пати годишно, дури и ако не ве боли заб.

 

Ги игнорирате природните чистачи на забите

Долго време пред самото постоење на четка за заби, некои видови храна им помагале на луѓето да ги одржуваат своите заби чисти и здрави. Тоа главно било крцкава овошје и зеленчук како што се јаболка, краставици и моркови. Сите овие се здрава храна за заби, без оглед на тоа што вклучуваат шеќер. Покрај тоа, овој вид на храна ќе придонесе за намалување на ризикот од срцеви заболувања, дебелината и рак.

Премногу консумираат слатки

Бактериите уживаат во шеќер. Јадењето слатки или пиење сладок сок овозможува шеќерот да се прилепи на забот и да и дава на бактеријата нешто да јаде. Како бактерии почнуваат да произведуваат филм, тие се хранат со киселината од шеќерот и ги оштетуваат  забите. Сите слатки и повеќето брза храна придонесува за побрзо формирање на плак и се особено лоши за вашите заби.

zdravi-zabi

 

Што можете да направите?

Исплакнете ги забите со вода за испирање

Антибактериските води за испирање се одлични, но само ако не ги користите премногу често. Тие ќе ги отстранат преостанатите бактерии и ќе го освежат вашиот здив. Би било добро ако се посоветувате со стоматологот за изборот на вода кој ќе ви одговара најдобро. Но, запомнете дека ниту една вода за испирање не е замена за четкање или користење на забен конец.

Џвакајте гума за џвакање без шеќер

Тие се одличен избор после јадење кога не сте во можност да ги исчеткате забите. Гума за џвакање ќе го стимулира производството на плунка, која ќе ја неутрализира киселината во устата. Но, не претерувајте со мастика за џвакање, како што може да предизвика проблеми со здравјето на вилицата.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз