Ако сте од оние кои на работа во попладневните часови знае да ги фати замор, веројатно веднаш посегнувате по филџан кафе или по некој друг кофеински напиток за да можете да се размрдате. Сепак, постои и алтернативен начин за добивање енергија која ќе го разбуди телото, а покрај тоа е здрав и бесплатен. Се што треба е само 10-минутно одење по скали и ќе почувствувате голем наплив на енергија, дури и повеќе отколку да сте внесле во организмот 50 милиграми кофеин. Истражувањето го има спроведено Универзитетот од Џорџија, САД, врз студентите кои пателе од хроничен недостиг на сон. Дел од испитаниците добил кофеински таблети, другиот дел плацебо таблети, а третиот дел требал да оди по 10 минути дневно по скали.

Се покажа дека кај првите две групи од испитаниците немаше никаква разлика во тоа како се чувствуваат, додека оние кои одеа по скали имаа многу повеќе енергија и се чувствуваа посилни. Тоа чувство се појави веднаш по изведување на вежбата и е ефикасен. Таков резултат не можеше да се постигне со 50 милиграми кофеин – рекол професор Патрик Конор.

Целокупното истражување е осмислено со вежба која луѓето многу лесно можат да ја изведуваат на работа, нои на многу други места.

Многу луѓе на работа имаат пристап до скали, па од тука оваа вежба со одење е идеална за сите оние кои сакаат да се раздвижат за време на работното време, но истовремено и да се разбудат – додал Конор.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина