Доаѓа секој месец и со себе носи грчеви, надуеност и замор – но исто така и открива многу нешта за нашето здравје. На пример, ако се борите со нередовен циклус, имате сигурно проблем со штитната жлезда или со полицистичните јајчници, а ако воопшто не се појави, потребно е да се направи тест за бременост.

 

Ако е розеникава

 

Доколку има повеќе розова боја од црвена и притоа сте забележале и дека не е толку обемна, тогаш можно е да имате недостаток на хормонот естроген, смета доктор Маргарет Ромеро. Некои истражувања докажале дека оние жени кои претерано многу вежбаат може да имаат недостаток на овој хормон, што може да делува врз бојата на менструацијата, а понекогаш да предизвика дури и нејзино постојано изостанување. Недостатокот на естроген може да влијае врз развојот на остеопороза, па потребно е да се побара докторска помош.

 

 

Ако е воденеста

 

Во овој случај може да се работи за недостаток на нутритиенти, смета доктор Алиса Двек од медицинскиот факултет во Њујорк, и додава дека може да се работи и за сериозна анемија, посебно ако сте забележале дека менструацијата повеќе не е обилна. Следете како ќе се одвива се неколку месеци, а ако ништо не се смени потребно е да се појде на доктор.

 

Ако е темна по боја

 

Можеби причина за темната боја се остатоциte од лупењетo на ѕидот на матката, кои излегуваат надвор заедно со крвта. Не мора поради тоа да паничарите, бидејќи е тоа нормална појава која обично се појавува на почеток или на крај од менструалното крварење.

 

Ако е густа и има боја на црвено вино

 

Можеби се работи за ниско ниво на хормонот прогестерон и високо ниво на хормонот естроген. Згрутчувањата се нормална појава, но ако се поголеми од една пара, може да укажуваат на сериозен хормонски дисбаланс. Докторите советуваат да се намали консумирањето на намирниците како што се шеќерот, млекото и сојата.

 

 

Ако е со светла боја или боја на боровинки

 

Тоа би значело дека имате нормална менструација и дека е се како што треба.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина