Урологот Дејвид Кауфман тврди дека жените пред сексот никако не треба да уринираат, бидејќи на тој начин го зголемуваат ризикот од настанок на болни инфекции. Тој наведува дека таа идеја за мокрење пред и по сексуалниот однос е толку зачестена, што се претворила буквално во глобален мит во кој сите веруваат.

 

Ризик од инфекции

 

Сепак, тој истакнува дека еден дел од овој мит е точен – оној според кој жената задолжително треба да мокри после сексот, бидејќи така се измиваат бактериите со кои се доаѓа до контакт, а кои се честа причина за инфекција на мокрачните патишта.

 

Сепак, од друга страна уринирањето пред секс е најголемата причина за воспаленијата, односно инфекциите кои настануваат за време на и после сексот. Сексот како причина за проблемите и претерувањето со секс може да биде опасно за женското здравје, тврдат научниците. Долготрајниот секс како и неколку односу на ден можат да предизвикаат инфекција на уринарниот тракт. Оваа болест може да биде многу болна, пишува Women’s Health.

 

– Мокрачниот канал се наоѓа покрај самата вагина, што значи дека за време на сексуалниот однос бактериите од гениталиите лесно преминуваат во мокрачниот канал. Колку е триењето поголемо, толку е поголем и ризикот за настанување на инфекција – истакнува америкасниот гинеколог Мери Џејн Минкин.

 

Први симптоми

 

Инфекцијата е почеста кај оние жени кои никогаш не раѓале, а некои жени можат да ја добијат по секој сексуален однос. Ризикот може да се намали ако се мокри пред и по сексот, напоменува Беверли Випл, пофесор на Универзитетот Њу Џерси, САД.

 

Симптомите најчесто се појавуваат во рок од еден или два дена, а се карактеризираат со болка при мокрењето, зачестено мокрење, промена на бојата на урината и болки во предел на срамната коска. Ако не се лекува на време, може да предизвика инфекција на мочниот меур и бубрезите.

 

Штом ги забележите првите симптоми, се препорачува веднаш да се обратите на доктор, кој по потреба ќе препише антибиотици кои ќе ја излекуваат инфекцијата. Исто така, ќе треба да се зголеми количината на испиена вода и да се пие сок од брусница, кои ќе помогнат да се исчистат бактериите од уринарниот тракт. Најдобро е за тоа време на лекување да се одбегнува да се има сексуален однос.

 

Пред секс не се пие секој лек. Антихистамините, лекови кои стандардно делуваат на намалување на симптоми на алергија како осип, оток или чешање, се лекови кои жените не би требало да ги пијат пред имањето секс. Имено, истражувањата покажале дека антихистамините делуваат така што ги опуштаат сите ткива во телото – од усната шиплина, се до гениталниот дел. Со самото тоа потикнувањето на возбудена состојба ќе биде потешко за жената, со што ќе се намали и количина на вагиналната слуз.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина