Сигурно ќе се изненадите дека не е препорачливо да се мешаат домати и краставици, бидејќи овие зеленчуци немаат исто време на варење. Имено, кога се земаат во исто време, постои голема можност да дојде до нивна ферментација во желудникот, што подоцна може да го отруе желудникот во целост и да предизвика и болки, грчеви и надуеност. Покрај овие две, постојат уште неколку намирници чија комбинација треба да се одбегнува.

Овошје по оброк

На овошјето му е потребно многу време за да се свари, а ако го јадете веднаш по оброкот, ќе се задржи во желудникот подолго и ќе предизвика рефлукс и други проблеми со варењето.

Тестенини и сирење

Тестенините изобилуваат со скроб, кои поинаку се вари од протеините, а неговото задржување во желудникот предизвикува ферментација.

Месо и сирење

Ова се премногу протеини за желудникот.

Леб и сок од портокали

Киселината потребна за разградување на сокот може да ги уништи ензимите задолжени за разрадувањето на скробот.

Зеленчук и сирење
Со оваа комбинација се зголемува ризикот од појава на надуеност.

Диња и лубеница

Овие овошја треба да се консумираат одделно.

Банани и млеко

Оваа комбинација го забавува варењето.

Овошје и јогурт

Иако ова е позната комбинација за појадок, таа го забавува варењето и ја оштетува цревната флора.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина