Стручњаците велат дека не треба да се јаде после 19 часот и објаснуваат зошто доцната вечера може да биде опасна по здравјето. Ако сепак се одлучите да јадете после ова време, тогаш задолжително одбегнувајте ги следниве намирници.

 

1.Пржена храна

Масната, тешка храна е очигледно преполна со калории и маснотии, но и тешко се вари, поради што утрото можете да се чувствувате уморно и тромаво, односно ненаспано. Ако сте гладни, наместо калорична, масна храна, одберете сендвич од бесквасен леб со мисиркино месо.

 

2.Црвено месо

Како и масната храна, така и црвеното месо тешко се вари, поради што може да имате проблем да заспиете. Црвеното месо е најлошиот избор на храна после 19 часот, но и голема порција пилешко може да има лош ефект. Не мора во целост да ги одбегнувате белковините, само внимавајте да јадете месо во помали количини и месо како мисиркини гради или напијте се шолја јогурт.

 

3.Зачинета храна

Уживањето во лута и зачинета храна по 19 часот може да ве чини добар сон. Освен тоа, презачинетата храна предизвикува надуеност и пречки во дигестијата, посебно ако половина час по консумирањето на оваа храна заминете на спиење.

4. Теста

Сите облици на тесто се полни со јагленохидрати и тие треба да се консумираат само ако по нивното консумирање имаме физичка активност.

 

5.Шеќер и кофеин

Шеќерот и кофеинот можат да предизвикаат немирен сон. На пример, чоколадата ги содржи и двете и таа ќе не направи сити, па ако копнеете по чоколада, не мора да значи дека сте гладни, туку дека едноставно имате потреба за нешто слатко. Подобар избор ќе биде топол чај или чаша чоколадно млеко со низок процент на маснотии.

Тагови: јадење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина