Очите кажуваат многу за нас: она што го мислиме и чувствуваме, дали лажеме или сме искрениЗатоа и се вели дека тие се огледало на душата. Иако бојата на очите ја земаме здраво за готово, како нешто што ни е дадено, не ни знаеме колку многу тие откриваат за нашата природа и нашето здравје.

За бојата на очите одговорни се многу гени. Не само два, еден за светлите и еден за темните очи, како што се мислело порано, туку дури 12 или 13 варијации на гените го даваат конечниот резултат и ,,одлучуваат,, за бојата. Сите овие гени, освен за бојата на очите, влијаат и врз многу други нешта во врска со нашето тело. Еден од нив, поконкретно NCX-4, освен што е поврзан со темната боја на очите, исто така контролира и одредени протеини кои влијаат на нашето доживување на боите. Бојата на нашата кожа, коса, очи е одредена од страна на природниот пигмент меланин. Количината меланин во ирисот на окото одредува дали ќе имаме сини, зелени или кафеави очи. Колку нивната боја е потемна, толку има повеќе меланин. Значи, темнооките имаат најмногу меланин, оние кои го имаат помалку ќе имаат светлокафеави или зелени очи, досека синооките речиси и да не немаат воопшто меланин. Бојата на очите е толку многу специфична, што тешко дека ќе најдете во светот некој кој има идентична боја на очи како вашата.

Научниците во 2008 година откриле дека сите луѓе во светот кои имаат сини очи се генетски поврзани и водат потекло од ист заеднички предок, кај кои пред околу 6.000 до 10.000 години дошло до мутација на гените, што резултирало со светли очи. До тогаш сите луѓе биле темнооки. Мутацијата која влијаела на генот OCA2 во нашите хромозоми билапрекинувачкој буквално јаисклучил опцијата за темни очи кај луѓето кај кои би се случила таа мутација. Накусо, оваа мутација го ограничила создавањето на меланинот, што резултирало со појава на сините очи, буквално за првпат во историјата на човештвото. Значи, сите синооки луѓе на овој свет го имаат тој заеднички предок.

Бојата на очите може да ни открие по нешто и за толеранцијата на болка. Во една студија на таа тема, објавена минатата година, се наведува дека жените со светли очи полесно ги поднесуваат болките при породување од темнооките. Не само што синооките жени ја оценувале физичката болка како помалку страшна, туку и пријавиле и пониско ниво на анкциозност, депресија и негативни мисли.

,,На нашиот степен на толеранција на болка влијаат различни фактори, како што се полот, староста, но и бојата на очите,, вели докторка Ина Белфар од Универзитетот во Питсбург, која и ја водела оваа студија. ,,Нашето истражување покажа дека луѓето со темна боја на очите имаат повисок степен на отпорност на анестезија, но се посклони кон анкциозност и генерално имаат зголемена физиолошка реактивност.”

Резултатите од некои поранешни студии навестуваат дека бојата на очите може да укаже и на тоа како поднесуваме алкохол. Оние со посветли очи подобро поднесувате алкохол од оние со темна боја.

Од друга страна, пак, едно истражување спроведено во Австралија покажало дека оние со светли очи генерално се потешки за соработка и повеќе натпреварувачки настроени од оние со темна боја на очите. Подготвеноста за соработка е особина на личноста која директно се поврзува со емпатијата, великодушноста и сочувството. Истражувачите од два различни универзитети во Австралија ги анализирале карактерните особини на 336 испитаници, а резултатите покажале дека оние со темна боја на очите генерално се поподготвени за соработка од синооките од северот на Европа.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина