Кога воздухот содржи поголем процент влага, доаѓа до сушење на водата на усните. Како резултат на тоа, се појавуваат пукнатини во пределот на усните. Многумина сметаат дека пукањето на усните е проблем кој се појавува во текот на зимските месеци, но суви и испукани усни можат да се појават во која било сезона од годината. Освен тоа, испуканите усни се неатрактивни, а раничките кои можат да се појават притоа се многу болни.

Како доаѓа до појавата на испукани усни?

Усните можат да испукаат на неколку начини. Најпознат начин е оближувањето на усните за време на студени и ветровити денови. Нанесувањето некаква заштита на усните за време на ветровити денови може да спречи да не испукаат. Ова најчесто се случува кај децата и најдобар начин за да се спречи тоа е да им се обезбеди постојана влажност.

Но, веќе споменавме дека тие можат да испукаат и од некои други причини. Некои од нив се следниве.

Недостиг на потребните витамини

Недостигот на витамините Б2 и Б3 може да доведе со сувост и пукање на усните. Адекватното внесување на витамини е неопходно за правилно функционирање на организмот. Витаминот Б2 е одговорен за правилна работа на метаболизмот, за регулирање на нивото на аминокиселините во крвта и за функционирање на сите клетки во телото. Недостигот, пак, на витаминот Б3 може да предизвика дерматитис, диареја и ментални проблеми. Недостигот на овие витамини, но и на било кој друг витамин, се забележува на усните, јазикот, па дури и на забното месо. Ако усните често ви се суви и испукани, секако треба да размислите за земање суплементи од витамини, посебно витаминот Б3.

Недоволно внесување вода

Недостигот на вода предизвикува хидратација. Еден од првите симптоми од недостиг на вода во телото е сувост и пукање на усните. Досегашните истражувања покажале дека недостигот на вода го зголемува ризикот од појавата на болест на непцата, насобирање на забен камен и кариес. Препорачанат дневна количина вода е осум чаши, но и повеќе ако вежбате редовно и ако повеќе се потите.

Алергии

Доколку имате забележано дека имате суви и испукани усни откако ќе ставите руменило, балзам или сјај, можно е да сте алергични на некоја од супстанциите кои се наоѓаат во составот на производот. Алергиите на тие материи предизвикуваат чешање околу усните, иритација и нивно пукање. И некоја храна, исто така, може да доведе до пукање на усните. Кога ќе откриете на што сте се алергични, одбегнувајте ги тие производи и посоветувајте се со доктор околу земањето соодветна терапија, со помош на која ќе ги ублажите алергиските реакции.

Реакција на некои лекови

Лековите можат да предизвикаат низа несакани нуспојави, а една од нив е пукањето на усните. Лековите за хипотиреоза и регулирање на крвниот притисок многу често предизвикуваат пукање на усните.

Претерано внесување на витамин А

И преголемо внесување витамини не е добро. Премногу внесен витамин А може да предизвика сувост на усните, пукање, лупење и крварење.

Хронично воспаление

Ако постои хронично воспаление или тивко воспаление во телото, ќе почнат да се јавуваат промени на аглите од усните, пукање и зголемено лачење плунка. Оние со чувствителна кожа се повеќе склони да им се појави воспаление околу усните.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина