Рацете се ризница на сите можни информации: од нив, како од отворена книга, може да се дознае се, не само за минатото, туку и за иднината на некого, неговите склоности и карактерот. Но, од нив може да се прочита и состојбата на здравјето!

  • Црвените дланки сведочат за интокцикација на црниот дроб: можен е хепатитис или хепатоза.
  • Мраморен цртеж на дланките зборува за нерамнотежа на вегетативниот нервен систем.
  • Ако кожата на дланките добива жолтеникава нијанса, тогаш сигурно постојат промени на црниот дроб или на жолчното ќесе (хепатитис, камен во жолчката, нарушувања во работата на жолчните патишта, холенгитис, холециститис…).
  • Кафеавите дамки на горната страна од дланката зборуваат за старост (зголемена пигментација на кожата, честа кај постарите луѓе),но и укажуваат исто така на проблеми со жолчното ќесе.
  • Ако кожата на шаката, посебно на дланката, се лупи ситно, тоа може да бде сигурен знак за недостиг на витамините A и Д. Но, доколку дланките,,крупно се лупат,,, треба да се посети дерматолог: тогаш на рацете се населиле габички.
  • Студените раце се знак за лоша периферна циркулација или за недостиг на никотинска киселина.
  • Ако дланките се жешки, значи дека црниот дроб не може да се избори со интоксикацијата.
Тагови: дланкираце
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина