Не е реткост проблем во еден дел од телото да предизвикува болки на сосема друг дел од телото, велат стручњаците. Пред да ги погледнете сликите за тоа кој здравствен проблем го кријат болките во одредени делови од телото, многу е важно да не си поставувате дијагнози самите врз основа на нив, туку треба да ги погледнете со цел да не игнорирате одредена болка и да не ја сметате за нормална.

Срце

 

srce1

 

Поради проблеми со срцето може да се појави болка долж левата рака или во средниот горен дел на грбот.

 

Бели дробови

beli-drobovi

Болките на едната стана од вратот можат да укажуваат на проблеми со белите дробови или дијафрагмата.

 

Црн дроб и жолчно ќесе

crn-drob

Кога постојат здравствени проблеми со црниот дроб и жолчното ќесе, болки можат да се појават на вратот или на десната страна од телото, под градите.

Желудник и панкреас

 

zeludnik1

 

 

 

Болката на овие две точки на телото, напред и одзади, може да укаже на проблем со желудникот или панкреасот.

 

Тенко црево

tenko-crevo

Ако ве боли делот околу папокот, тоа може да биде знак за неправилно работење на цревата.

 

Дебело и слепо црево

debelo-i-slepo-crevo

Болка во средина на стомакот, под папокот или на десната страна од стомакот може да биде сигнал за проблеми со дебелото или слепото црево.

 

Бубрези

bubrezi1

Проблеми во работењето со бубрезите се манифестира како болка на поголем дел од телото: на долниот дел од грбот, стомакот, карлицата и горниот дел од ногата.

 

Мочен меур

mocen-meur

Ако чувствувате болки во долниот дел од карлицата, од предната и од задната страна, можно е да имате проблеми со мочниот меур.

 

Јајчници

jajcnici1

Здравствените проблеми со јајчниците се манифестира со болка на левата или на десната страна од абдоменот.

Тагови: болкатело
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина