Ако секоја вечер се будите во одредено време, тоа може да ви открие што во вашето тело не работи како треба, односно дека протокот на енергија во одреден дел е блокиран или е погрешно е насочен.

 

Традиционалната кинеска медицина и тоа обраќа внимание на овие работи. Во текот на 24 часа енергијата се насочува во различни органи за тие да се регенерираат и да можат да си ја вршат својата функција како што треба. Но, ако нешто е нарушено во таа енергија, тогаш доаѓа до проблеми.

 

Пронајдете го времето од ноќта во кое најчесто се будите и откријте што значи тоа:

 

21:00 до 23:00

Ова е времето кога се балансира ендокриниот систем кој е задолжен за хормоните и метаболизмот. Ако имате проблеми со спиењето во овој дел од ноќта, тогаш можеби сте под стрес и ве измачуваат настаните кои сте ги прожиивејале тој ден или она што ве чека следниот ден. Тоа го нарушува протокот на енергијата. До блокада на енергијата на ендокриниот систем може да дојде и ако не се храните исправно или ако јадете премногу доцна.

 

23:00 до 1:00

 

Будењето во ова време од ноќта укажува дека нешто ве измачува,односно дека нешто си замерувате на самите себе (се гризете за нешто) – можеби за нешто што сте рекле, сте направиле или можеби сте требале да направите, а не сте. Тоа е времето кога јин енергијата се претвора во јанг. Според древното кинеско верување, јин го симболизира женскиот аспект (негативност, темнина, благост, влага, ноќ и добрите страни на се), a јанг машкиот (позитивност, ведрина, цврстина, чистота, сувост, ден и доминантните аспекти).

 

Во ова време активно е жолчното кесе, односно ги разградува маснотиите во телото, па будењето во ова време може да укажува дека консумирате премногу нездрави маснотии.

 

1:00 до 3:00

 

Ако најчесто се будите во ова време, тогаш најверојатно сте лути и фрустрирани, односно преполни сте со негативна енергија во текот на денот, па тоа се одразува и на спиењето. Секако мора да се опуштите, бидејќи тоа им штети на процесите кои се одвиваат во вашето тело. Овој период од ноќта е многу важен за телото, бидејќи тогаш најактивно ги исфрла отровите, односно детоксицира и се обновува. Црниот дроб испушта токсини, создава молекули важни за варењето, допринесува за создавањето на нова крв и т.н. Ако нешто не е во ред, ќе се будите во ова време.

 

3:00 до 5:00

 

Тагата и болката се можни причини за будење во ова време, ако го гледаме духовниот спект на животот. Од физички причини, можно е да ви студи при спиењето и процесите во телото не можат да се одвиваат правилно. Исто така, будењето во ова време може да укажува на проблеми со белите дробови и недоволно влегување на кислород во организмот.

 

5:00 до 7:00

 

Во ова време дебелото црево е активно, а токсините кои во текот на ноќта се профилтрирани и разградени полека излегуваат од телото. Будењето во ова време може да значи и дека сте јаделе предоцна или дека имате навика да јадете лоша и нездрава храна преполна со разни штетни материи.

 

Тагови: спиење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина