Начинот на кој го започнуваме денот во голема мера се одразува на нашата продуктивност и активност во текот на денот. Ако сакаме да имаме успешен и ефикасен ден, тогаш мора да се одбегнуваат следниве нешта по будењето:

1. Не одложувајте го алармот

Стручњаците за истражување на сонови сметаат дека одложувањето на алармот не добра идеја. Секојпат кога се прави тоа и кога се враќаме повторно да спиеме, упаѓаме во циклус на сонови кој нема да можеме да го завршиме и да постигнеме длабок сон. А кога ќе се разбудиме потоа, ќе бидеме уморни и без енергија.

2. Не спијте склупчени во креветот

Кога ќе се разбудиме, додека се уште лежиме, треба да ги истегнеме рацете и нозете. Колку повеќе се истегнуваме, толку повеќе ќе бидеме посреќни и ќе имаме повеќе самодоверба. Оние кои се будат во склупчена положба и така стануваат, чувствуваат поголема поспаност и се повеќе склони на стрес.

3. Не дозволувајте проверката на мејловите да биде првото нешто што ќе го направите по будењето

Проверувањето мејлови по будењето може да не попречи и одвлече од важните обврски кои треба да се завршат наутро. Фосукирајте се на продуктивна работа наместо на проверка на електронската пошта.

4. Наместете го креветот

Верувале или не, местењето на креветот е поврзано со зголемување на продуктивноста во остатокот од денот. Оваа важна навика е првиот чекор кои ќе ви помогне да развиете и некои други добри навики.

5. Одбегнувајтее да консумирате кафе

Ако и вие припаѓате на категоријата луѓе кои не можат без утринско кафе, тогаш е време да ги преиспитате своите навики. Помеѓу 08 и 09 часот наутро нашето тело произведува големи количини енергија благодарение на хормонот кортизол. Ако се пие кафе пред 09.30 часот, телото ќе лачи помалку кортизол, а со тоа ќе имате и помалку енергија.

6. Не станувајте во темица

Природниот часовник во нашиот организам е чувствителен на светло и на темница. Ако се будиме во темнина или во полутемница, телото ќе ни биде збунето и ќе се чувствуваме поспано. Трнете ги завесите и отворете ги ролетните, а ако надвор е се уште темница, запалете светло.

7. Моќта на навиките

Според зборовите на научниците, вашата сила на вољата ќе биде ограничена, па ако го минувате времето во мали нешта се со цел да си го продолжите утрото, ќе имате помалку енергија во текот на денот. Фокусирајте се на утринските подотовки и создадете рутина која ќе ви помогне веднаш да паднете во автоматски начин на делување наутро и зачувајте ја сиата на вољата за остатокот од денот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина