На пазарот постојат голем број на “средства”,  кои гарантираат спречување или дури и елиминирање на стриите. За жал, истражувањата покажале дека кремите немаат значајно влијание врз овој проблем, бидејќи генетиката ја игра одлучувачката улога. Само мал број на креми навистина може да помогнат во случај на појавување на стрии, многу поважно од тоа што мачкате е вашата генетика.

Една голема студија во која е испитана ДНК-та на 33.930 луѓе, од кои 4967 биле мајки со голем процент на пост-породилни стрии, покажала дека гените играат поголема улога отколку што порано се мислело.

Научниците откриле дека мутациите на или околу специфичните гени – ELN, SRPX, HMCN1 и TMEM18 – го зголемуваат ризикот за добивање на стрии за неверојатни 40 проценти.

Од сите овие гени, ELN, или еластинот, најчесто се поврзува со стриите, особено ако зборуваме за стрии кои се појавуваат за време на бременоста.

Еластинот е главната компонента на еластичните влакна, кој им помага на ткивата природно да се растегнуваат и да се вратат во нивниот првобитен облик.

 Некои луѓе се повеќе склони кон добивање на овие  непривлечни линии на кожата од други, вели авторот на студијата д-р Џојс Танг. На пример, само 25 отсто од мажите во студијата пријавиле дека имаат стрии, додека 55 проценти од испитаните жени се борат со овој проблем.

 До сега не беа познати генетските варијанти кои влијаат на изолираните стрии – вели д-р Танг, која се надева дека ова откритие би можело да доведе до нови третмани, со цел да се поттикне производството на еластин. Но, се додека некој осмисли таков третман, постојат и други методи кои можат да помогнат.

strii_1

 Креми со третиноин

Третиноин е киселинска форма на витамин А, и најчесто се користи за лекување на акни. Сепак, може да биде ефективен во третманот на лечење стрии, но само ако тие се “млади” – не постари од неколку месеци, додека се сеуште розови или црвени. Една студија покажала дека новите мајки кои секој ден се мачкале со крем кој содржи 0,1 процент третиноин во период од три месеци, ја намалиле видливоста на стриите за 20 проценти.

Микродермоабразија

Микродермоабразијата се врши рачно со користење на апарат кој со помош на кристали нежно го отстранува горниот слој на кожата, а со тоа овозможува да се формира нов, поеластичен слој на кожа. Важно е да се нагласи дека ова треба да го работи само сериозен експерт, бидејќи, иако оваа постапка може да има голем ефект, ако се изведува погрешно, може да остави долготрајни последици. Истражувањето од 2008. година покажа дека се на се се доволни само пет третмани за да се намали видливоста на стриите и до 50 проценти. Плус, ова е една од ретките методи кои докажано можат да  бидат ефективни и кај постарите, избледени стрии.

Ласерски третман

Ласерот е веројатно најдобро познатата и најпопуларна метода, и тоа не без причина. Иако најдобри ефекти има на “свежите” стрии, се покажал дека може да биде ефективен и кај постарите стрии. Ласерскиот третман го стимулира производството на колаген и еластични влакна, покажала една студија од 2009 година, па овој се смета за еден од подобрите методи. Нажалост, ова е исто така и еден од поскапите начини на решавање на овој естетски проблем

Тагови: стрии