За многумина од нас, кафето е многу повеќе од обичен пијалок. Тоа е незаобиколен дел од нашето будење, посебен ритуал, нешто без кое едноставно не можеме да го замислиме денот. Еден филџан топло миризливо кафе, во секој момент е добра идеја, без разлика дали се работи за вечера со семејството, пријателите или бизнис партнерите. Сите сме запознаени со фактот дека кафето може да има негативни последици по нашето здравје и тело, поради што некои дури размислуваат и да престанат да го пијат. А, конечно сега може и да дознаете што се случува со вашето тело по неговото консумирање. Љубителите на кафе ќе бидат шокирани, бидејќи она што е откриено е навистина вџашувачко.

Во првите 10 минути:

Кофеинот влегува директно во крвотокот. По тоа пулсот и крвниот притисок нагло растат.

По 20 минути:

Кофеинот најпрво го стимулира централниот нервен систем.

Се чувствувате фокусирано и поразбудени, и многу полсено донесуват еодлуки и решавате проблеми.

Кофеинот ни помага да се чувствуваме поодморени, со тоа што се поврзува со ,,аденозин,, рецепторите во нашиот мозок.

По 30 минути:

Телото почнува да лачи голема количина адреналин, што може да доведе до поостар вид, а зениците видно ви се прошируваат.

По 40 минути:

Нивото на сератонин во телото почнува да расте. Тоа го подобрува функционирањето на моторните неврони, кои со своите функции ја зголемуваат силата на мускулите, а на тој начин и вашите движења се подобро координирани.

По 4 часа:

Кафето може да ја зголеми брзината со која нашите клетки ја ослободуваат енергијата. Кога ќе се случи тоа, нашето тело почнува да губи килограми, и покрај тоа што не се движиме.

Кофеинот исто така го поттикнува создавањето на желудочна киселина.

По 6 часа:

Кофеинот, главната состојка на кафето, делува директно на онцентрацијата на калциум во клетките, а исто така предизвикува одливање на течности од организмот. Покрај вода, телото губи и некои многу важни витамини и минерали, што може да доведе до помали нарушувања на метаболизмот.

Тагови: кафекофеин
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина