Храната која ја внесуваме во организмот пречесто ја земаме здраво за готово. Ретки се оние кои внимателно бираат состојките кои ќе им се најдат на чинијата не се третирани со разни хемикалии.

Имињата „еко“, „био“ или „органска“ храна се користат за храна произведена според начелата за еколошко производство, односно без употреба на синтетички пестициди и минерални ѓубрива, со пропишани услови за чување на животни кои водат сметка за нивното добро. На просторот на Европската Унија, храната произведена во согласност со меѓународно усвоените норми за еколошко производство, се означува со единствен логотип – стилиризиран лист со ѕвездички.

Едно шведско семејство било подложено на еден експеримент. Рекле дека купуваат неоргански намирници затоа што се поевтини. Потоа им ја тестирале урината. Нивото на хемикалии пронајдени во урината било високо. Тие две недели неорганската исхрана ја замениле со органска и тогаш тестот за урина открил дека нивото не хемикалии во нивното тело е значително намалено.

Ова тестирање било спроведено од страна на Шведскиот институт за истражување на околината. Дискутабилно е дали нивоата на пестициди пронајдени во урината се штетни, но пристапот на ,,молчење,, кој се негува во јавноста за неорганската храна не е здрав.

Што се однесува до нутритивните вредности, треба да се има на ум дека освен начинот на производство (еколошки или конвенционален, на содржината на хранливи материи во намирниците влијаат и многу други фактори (видот на овошјата или зеленчуците, климатските услови и сл.) и дали намирницата е консумирана свежа.

Со оглед на тоа дека постојат бројни докази за ефикасноста од разновидната исхрана со многу свежо овошје и зеленчук, одлуката за промена на лошите прехранбени навики, односно вклучувањето на поголема количина на овошја и зеленчук во исхраната е секогаш добра одлука, без разлика на тоа дали повеќето намирници намирници доаѓаат од конценционално или еколошко одгледување.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина