Што му се случува на организмот откако ќе престанеме со пушење?
Скоро секој од нас е запознат со негативните влијанија на пушењето, но сеедно, не се откажуваме од вашите навики, бидејќи повеќе уживаме во цигарите отколку што сме загрижени за нашето здравје. Честопати и не сакаме да ја слушнеме вистината за пушењето и какви се болести оваа навика може да донесе. Но, крајно време е да започнеме да се грижиме за нашата иднина и нашето здравје.
Прочитајте какви се позитивни промени ќе се случат доколку се одлучиме да престанеме со пушење. Затоа, престанете, па и сами уверете се.
-За 20 минути вашиот крвен притисок ќе се спушти до нормални граници
-За 8 часа нивото на јаглен моноксид во вашиот крвен систем ќе се намали за 50 %, а нивото на кислород ќе се врати во нормална состојба
-За само 48 часа шансите да добиете срцев удар значително ќе се намалат. Целиот никотин ќе го напушти вашето тело, сетилата за мирис и вкус повторно ќе се зајакнат.
-За 72 часа вашите дишни патишта ќе се опуштат и ќе се почувствувате полни со енергија
-За 2 недели ќе ви се подобри циркулацијата, а истата ќе продолжи да се подобрува и во наредните 10 недели.
-За 3-9 месеци кашлањето, тешкото дишење и воопшто сите проблеми со дишењето и други респираторни проблеми ќе се намалат. Капацитетот на белите дробови ќе се зголеми и до 10 %.
-За 1 година, ризикот да добиете срцев удар ќе се намали за половина
-За 5 години, ризикот од мозочен удар ќе биде на исто ниво како кај непушач
-За 10 години, шансите да заболите од рак на бели дробови ќе биде на исто ниво како кај непушачите.
-За 15 години шансите да заболите од срцев удар ќе бидат исти како кај непушач
Па, можеме да кажеме дека има многу здравствени бенефити кои ќе ви ги понуди оставањето на цигарите и нема причина зошто тоа да не го направите. Уште денеска. Потребна е само цврста волја и решителност. Потрудете се оваа штетна навика да остане во вашето минато, а наместо нејзе да практикувате здрава исхрана и редовна физичка активност. На тој начин, бидете полни со живот, енергија и добар пример за вашите деца.