Од порано е познато дека исхраната богата со заситени масти придонесува за опасноста од развој на срцеви заболувања, но неодамнешнот истражување на американските научници покажало дека само еден таков оброк може долгорочно да влијае негативно врз здравјето. Имено, само еден оброк богат со заситени мастиречиси веднаш резултира со промена во крвните садови и кај здравите луѓе, пишуваат научниците во списанието Laboratory Investigation.

 

Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) потсетуваат дека храната богата со заситени масти го зголемува нивото на холестеролот во крвта, зголемувајќи ја и опасноста од кардиоваскуларни болести, како што е артериосклерозата.

Повеќето луѓе знаат дека таквиот начин на исхрана долгорочно води кон некое срцево заболување, но научниците од Медицинскиот факултет од Џорџија, спровеле истражување сакајќи да утврдат дали е можно само еден оброк богат со заситени мастиведнаш да остава последици и дали е навистина толку штетен. По завршување на истражувањето, одговорот ил потврден. Нивната студија спроведена над десет здрави мажи покажала дека консумирањето на само еден оброк со висок уддел на масти, како што е на пример чоколаден милкшејк, резултира со нездрави промени во крвните садови и црвените крвни зрнца. Десетте мажи испиле по една чаша милкшејк од полномасно млеко, со шлаг и сладолед. Напитокот содржел 80 грама масти и 1000 калории. По само четири часа, лабораториските тестови покажале дека крвните садови на испитаниците се помалку еластични, а дел од црвените крвни зрнца, кои се мазни и плочести по облик, се изменил и тие станале ,,шилести,,.

 

Според Џулијан Британ, професорка по анатомија и цитологија на унивезитетот во Џорџија, овие промени може да влијаат врз крвотокот. Добрата вест е што штетните промени исчезнале по само осум часа.

 

Не треба да се крева паника ако сте изеле еден чизбургер заедно со голем милјшејк, бидејќи последиците од ваквиот оброк со висок уддел на мастисе привремени за здравите луѓе, но не смее да ви премине во навика – предупредува Британ. – Вашиот организам тоа може да го поднесе ако сит еидни оброци не бидат исти такви.

 

Научниците истакнуваат дека се работи за студија спроведена врз многу мал број на испитаници, додавајќи дека не знаат во колкава мера ,,зашилените,, еритроцити се опасни за здравјето на крвните садови, поради што е потребно да се спроведат дополнителни истражувања.

 

Сепак, раните спроведени истражувања врз лабораториски глувци покажале дека нивните црвени крвни зрнца после континуирана исхрана богата со заситени масти сосема се измениле во облик, што резултирало со реакција на организмот, последователно со развој на кардиоваскуларни болести.

 

Американското здружение за срце (AHA) им препорачува на здравите поединци да внесуваат дневно мастиво проценти 25% – 35 %. Според упатствата од клиниката Мејо, за еден човек кој дневно консумира околу 2000 калории, тоа би значело помеѓу 44 и 78 грама мастидневно.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.