Иако е нормално еден маж повремено да има проблем со постигнување на ерекција која е доволно силна или долготрајна за сексуален однос, трајното разочарување на ова поле подразбира превземање на поконкретни чекори.

Истражувањата покажуваат дека дури 50 проценти од мажите страдаат од еректилна дисфункција, а поголемиот дел од нив се повозрасни од 50 години. Сепак, на поголемиот дел од мажите секако им е незгодно да зборуваат на оваа тема.

Еве неколку идеи за тоа како да го решите овој проблем :

Редовно четкање на забите и чистење со конец

Болните непца можат да ја ослабнат сексуалната моќ кај мажите. Истражувањето покажа дека повеќе од половина од мажите со еректилна дисфункција имаат хроничен пародонтитис . Оние кои успешно го излечиле, се спасиле и од проблемот со еректилна дисфункција во рок од три месеци. Во прилог на четкањето и чистењето со конец, експертите советуваат дека најмалку еднаш годишно би требало да посетите стоматолог.

Лекови за крвен притисок

Диуретиците и алфа блокаторите препишани за регулирање на крвниот притисок може да ја влошат состојбата со ЕД, но блокаторите на ангиотензините рецептори можат да го подобрат крвниот притисок без несакани ефекти.

Вежбање

Мажите кои имаат прекумерна телесна ежина, кои долго време не биле сексуално активни , можат во целост да се ослободат од проблемите со еректилна дисфункција преку воведување на здрав начин на живот и губење на тежината. Во една студија, една третина од дебелите мажи ја повратиле во целост сексуалната функција за две години по влегувањето во програмата за слабеење. Мастите ги стимулираат воспалителните процеси и го претвораат тестостеронот во естроген – што е лошо и за ерекцијата. И самата физичка активност помага. Дури 70 проценти од мажите кои почнале да вежбаат во средните години имале 70 проценти помал ризик да имаат еректилна дисфункција, отколку на кои начинот на живот им е поврзан повеќе со седење

Помогнете си со помош на правилната исхрана

Она што е добро за вашето срце, добро е и за вашиот пенис. Консумирањето многу овошје, зеленчук , мешункасти плодови , цели житарки, риба, здрави масти, како и вино во умерени количини, веќе долго време се поврзува со кардиоваскуларното здравје. Истражувањето спроведено над мажите со дијабетес тип 2, покажало дека оние практикуваат медитерански тип на исхрана имаат најниска стапка на проблеми со ерекцијата.

Црвениот Женшен

Оваа азиска билка го зголемува протокот на крв во пенисот. Шест од седум клинички испитувања покажале дека корејскиот и црвениот женшен ја подобруваат сексуалната функција подобро од плацебо ефектот. Во повеќето студии, мажите земале доза од 600 mg дневно.

Вежби за карличните мускули

Вежбањето на мускулите кои дејствуваат на тоа урината да не ви бега, ја зајакнало или подобрило еректилната функција кај 75 отсто од мажите со ЕД кои учествувале во тримесечната програма за вежбање. Затегнете ги мускулите како да се обидувате да го спречите испуштањето на ветрови, задржете десет секунди без затегнување на мускулите на бутовите, стомакот или задникот. Повторете ја вежбата три пати додека лежите, три пати додека стоите, два пати дневно.

Изберете ја вистинската пилула за вас

Лековите како Виагра, Циалис и Левитра дејствуваат така што го зголемуваат протокот на крв во пенисот. Иако сите овие имаат иста функција,тие имаат различен состав, па консултирајте се со вашиот лекар за тоа која од овие е најсоодветна за вас. Циалисот вообичаено дејствува од 24 до 48 часа , во однос на другите, кои дејствуваат околу 4 часа. Овие лекови им помагаат на речиси две третини од мажите кои имаат проблеми со ерекцијата.

Размислете за тестирање на тестостеронот

Мажите кои се во 40-тите имаат проблеми со еректилната дисфункција и ниското либидо можеби страдаат од недостаток на тестостерон. Во многу случаи, еректилната дисфункција е поврзана со нешто друго, но во комбинација со губењето на интерес, најдобро е да се тестирате. Извршете го тестот наутро, бидејќи нивото на тестостерон опаѓа во текот на денот. Ако телото почувствува дека имате премногу тестесторон, тестисите ќе го запрат природното производство на тестостерон и сперма.

Постојат и импланти

Ако сите други третмани не вродат со плод, можете да се одлучите за вградување на хируршки импланти, кои преку цевчиња вградени во пенисот помагаат да се случи ерекцијата. Експертите тврдат дека во последниве години постапката е се посигурна и мажите се многу задоволни со резултатите.