Концентрацијата на калиум во крвта која е помала од 3,8 mEq на литар крв се смета за ниско ниво. Оваа состојба се нарекува хипокалемија, а може да настане и поради абнормално губење на калиумот во клетките. Во поретки случаи, ниското ниво на калиумот во крвта е предизвикано од намален внес на калиум, но воглавно причината е неговото претерано губење преку бубрезите или цревата.

 

 

Најчеста причина е абнормалното функционирање на бубрезите

 

 

Кај нормалните бубрези калиумот се чува, ама ако тие не функционираат нормално, можно е да дојде до намалување на нивоата. Покрај тоа, премногу калиум може да се загуби при повраќање, пролив, долготрајна употреба на лаксативи или имање полипи и проблеми на дебелото црево. Ретко причината е премалку внесување на калиум. Калиумот може да се загуби и преку урината, и тоа поради неколку причини:

 

  • употреба на некои видови диуретици кои прдизвикуваат прекумерно лачење на натриум, вода и калиум од бубрезите
  • Кушингов синдтом, при кој надбубрежните жлезди создават прекумерни количини кортикостероидни хормони
  • џвакање на некои видови тутун
  • Лидлеов синдром, Батеров синдром и Фанкониев синдром – ретки маани на механизмите на бубрезите за зачувување на калиумот
  • лекови како што се инсулинот и лекови против астма

 

Губењето на калиумот преку дигестивниот тракт се јавува од хронични проливи при претерано користење на лаксативи. Причина можат да бидат и цревни диверзии. До хипокалемија може да дојде и поради одењето на калиумот во другите клетки. Тоа може да се забележи при гликогенеза и при давање инсулин.

 

 

 

Симптоми на недостаток на калиум

 

 

Ако дојде до лесно снижување на калиумот во телото, тогаш нема да дојде до никакви симптоми. Хипокалемијата е состојба при која доаѓа  до потежок недостаток на калиумот – ниво под 3,0 mEq на литар крв. Тогаш главни симптоми кои се појавуваат се мускулна слабост, парализа, треперење на мускулите, а можна е и појава на тетанусни грчеви. Може да дојде и до проблеми со срцето, кое може да развие неправилен ритам (аритмија), а тоа е почеста појава кај оние кои патат од болести на срцето. Во респираторниот систем може да доде до слабеење на мускулите. Со тоа се намалува можноста на бубрезите да ја концентрираат уринат, па доаѓа до полиурија и полидипсија. Хипокалемијата е посебно опасна кај пациенти кои го земаат лекот дигоксин.

 

Друга состојба која се очитува со нарушување на нивото на калиумот во крвта е хиперкалемијата или високо ниво на калиум во крвта. Таа настанува ако концентрацијата на калиум е повисока од 5,0 mEq на литар крв. Ова состојба е поопасна од состојбата со ниското ниво на калиум. Високото ниво започнува да го зафаќа проводниот систем на срцето, а ако зголемувањето се продолжува, срцевиот ритам станува ненормален и срцето може да престане да чука. Причина за оваа состојба воглавно е употребата на лекови кои го блокираат лачењето на калиумот преку бубрезите. Тешка хипергликемија може да предизвикаат делумното или целосното затајување на бубрезите.

 

 

Лекување на хипокалемијата

 

Со цел да се подобри ниското ниво на калиум во телото, потребно е секојдневно да се консумира храна која е богата со калиум. Воедно можно е да се користат различни  додатоци со калиум, ако е хипокалемијата тешка или ако се појави кај пациенти кои се хоспитализирани поради други посериозни болести, калиумот се надоместува по парентерален пат.

 

Храна богата со калиум се банани, портокали, компири, батат, соја, домати, грашок, суво грозје, авокадо, кикиритки, суви кајсии, јогурт, млеко, црвено месо и риба.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина