Не можете да се релаксирате

Хроничната напнатост и вознемиреност станаа нормална појава, и сте заборавиле како е да се биде релаксиран. Во утринските часови ќе станете повеќе уморни од кога си легнавте, ќе го влечете во текот на денот, чувството на грчеви и анксиозност, и тешко  ќе се фокусирате на задачите пред вас? Во вечерните часови едвај се смиривте и да заспавте, оптоварени со грижи и чувство за тоа како вашиот живот е полн со анксиозност и стрес?

Јас треба да се релаксирам! Да, но како?

Сега за вас “одмор”  е  да се опуштите со пијалокот во вечерните часови, пушењето, со прејадување  или лекови за главоболка. Вие не сте задоволни, бидејќи овие методи имаат своја цена (зголемување на телесната тежина – нов извор на стрес, потенцијал за развој на зависност …). Затрупани  сте со работа,  и се преправате  дека сè е во ред, а под страв ќе “ме удри срцев удар.”  Ќе ја поминете вечерта пред телевизорот , со што ќе се чувствувате уште попразни.

Релаксацијата  ви  се чини дека е луксуз кој не можете да си го дозволите.

За жал, луѓето понекогаш посакуваат да бидат болни, со цел да имаат изговор да се одморат. Често во тек на некоја криза  (здравствени проблеми, значајни живот стрес и промени) ќе ве поттикне да преземете акција и да го донесете живот во рамнотежа.

Не чекајте за таква ситуација! Придвижете се  сега, и работете на развивање на вештините и техниките за релаксација за да се справите со стресот. За почеток, треба да знаете дека релаксација е многу повеќе од подигнување на нозете пред ТВ.

Релаксација е вештина што може да се научи

Не е доволно да си кажете за себе, “ќе се релаксирам!” За нас тоа нема да резултира во релаксирана физичка состојба. Релаксацијата треба да се  научи и практикува како и возење велосипед. Неопходно е да се повторувавежбата,со што ние би ги почувствувале нејзините ефекти и ефекасно би ја  применувале.Неопходно е да активно се донесе телото во состојба на релаксација.

Ефективни вештини се абдоминалното дишењето и прогресивната мускулна релаксација. Нив ќе ги поттикнеме со природните релаксациски  одговори  во телото кои  ја создаваат состојбата на релаксација. Подлабокото и бавно вдишувања во долните делови на белите дробови ќе го поттикнат природниот одговор на релаксација. Грч во различни делови на телото можеме да ги  релаксираме со постепено напрегање и релаксација на овие делови од телото. Одвојте време да се прилагодите на овие вештини.

Релаксација прилагодете ја во свој стил

Секој од нас сака различни нивоа на возбуда и кои треба да ги приспособите на вашата релаксација.  Во тоа ќе ви помогне ако се сетите како сте  се смирувале дете.

Ги сакавте повторувачките, осамени активности? Да са повлечете, прочитате некоја книга и да го анализирате проблемот? Организирајте си “stress free” оаза во која ќе слушате тивка музика, да прочитате книга или да водите дневник .

Сакавте да се распрснувате и преку физичка активност? Активните типови ќе сакаат динамична форма на релаксација преку пешачење. Можеби ќе се чувствувате премногу уморни за да го направите , но да ве потсетиме на доброто чувство што следи по овие активности.

Ако  одсекогаш сте сакале да се зборувате за проблемите, и сега побарајте  таква поддршка. Сакавте да работите со рацете, да цртате, да отиде во хор и пеете? Дали сакавте  нешто креативно. Ако сте сонувавале, сега користете ја  фантазијата за да се релаксирате.

Сензорна стимулација и движење

Во справувањето со моменталната ситуација на немири, напнатост или апатија, особено користете  инстант подигнувачи на расположение. Со ангажирање на сите пет сетила  можете да се разбудите или да се релаксирате – во зависност од потребата.

Кога се нервозни, некои се  со опуштаат поглед кон убава глетка, убаво видео, прошетка низ паркот и зеленилото. Можете да слушате релаксирачки или Енергична музика. Напијте се вкусен чај или кафе. Масирајте  или  релаксирајте се со мирисот на етерични масла. Протегнете се, направите неколку клекнувања, викајте во перница,  измијте се со ладна вода, одите на една кратка прошетка, притискајте го анти-стрес топчето.

Сензорна стимулација може да не разбуди или смири, потребно е да се истражува како ќе дејствуваа различни случувања. Вака опуштени,  со разбудени чувствува, можеме со свежи мисли  да се вратиме назад во проблематичната ситуација и јасно да гледаме подобро да се справиме со неа.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз