Обем на струкот

Мажите со обем на струкот поголем од 94 сантиметри и жените со струк поширок од 82 сантиметри имаат 3.6 пати поголем ризик од деменција во повозрасната доба.

Решение- Физичка активност и здрава исхрана

Должина на нозете

Пократките нозе се доведени во врска со зголемени вредности на ензимите на црниот дроб, што е повторно знак за внимание бидејќи може да доведе до болести на црниот дроб

Решение- Помалку алкохол, масти и други токсини

Должина на прстите

Кај мажите често се случува показалецот да е пократок од домалиот прст, меѓутоа ваквата појава кај жените открива пониско ниво на естроген што повторно значи два пати поголема можност за заболување од коскени заболувања посебно мислејќи на остеопорозата во повозрасната доба.

Решение- Вежбање и внесување на повеќе калциум

Обем на листовите

Поголемиот дел од ножните мускули на листовите, поврзан е со кардиоваскуларни заболувања, најмногу мислејќи на срцев удар. Интересно е тоа дека лицата со помали листови имаат поголем ризик од складирање на масти на зидовите од крвните садови, а со тоа и поголеми шанси за добивање на срцев удар.

Решение- Физичка активност, здрава исхрана

Големина на градите

Дамите кои до своте дваесетта година од животот носат градник со големина Д, имаат значително повеќе масно ткиво во градите во однос на девојките со помали пропорции во овој предел, па со самото тоа и 1,5 пати поголема шанса да заболат од дијабетис тип 2.

Решение- Вежбање и одржување на здрава телесна тежина

Крвна група

Луѓето со крвни групи А, Б и АБ имаат 44 проценти поголема шанса за добивање на рак на панкреасот, отколку луѓето кои имаат нулта крвна група

Решение: Внесување на поголеми количества витамин Д

Сетило за мирис

Луѓето во подоцнежниот живот на кој им е ослабено сетилото за мирис имаат пет пати поголем ризик да заболат од Паркинсоновата болест.

Решение: Внесување поголеми количини на омега-3 масни киселини