Од преголема консумација на алкохол нашето лице ќе се подуе, ќе добие бледожолта боја и на крај ќе се збрчка. Но, алкохолот не е единствената животна навика која може да им штети на убавината и здравјето на кожата – стресот, пречестото вежбање, па дури и промената на исхраната во вегетаријанска може да се забележи на лицето.

 

Акни на брадата

 

Акните на брадата честопати се окаратеризираат како последица од хормоните. Поголем број од жените пред менструација добива мозолки токму на овој дел од лицето кој е посебно чувствителен на подигање на нивото на хормоните прогестерон и тестостерон.

 

Ако акните се постојана појава на брадата, посетете гинеколог, бидејќи можеби се работи за полицистични јајчници. За некои жени контрацептивните пилули се ефикасен начин за враќање на рамнотежата на хормоните и за чистење на кожата. Некои истражувања покажуваат дека исхраната богата со житарки, овошје и зеленчук може да ги ублажи овие хормонски промеи кои доведуваат до појавата на акни.

 

Подочници

 

Причина може да биде неспиење, проблеми со бубрезите или алергии, или пак едноставно – ги имате. Натеченоста на лицето и капаците, темни подочници и вреќички под очите укажуваат на потенцијални проблеми со елиминацијата на токсините од организмот и тегоби со бубрезите и црниот дроб. За подочниците да не им бидат видливи на сите, користете ги прстите за лесно да нанесете коректор околу темните делови, вклучувајќи ги шуплините помеѓу очите и носот.

 

Црвенило

 

Кофеинот и недостигот на сонце ќе и даде на кожата црвеникава боја. Имено, премногу кофеин може да доведе до дехидратација на кожата, па таа станува црвенкаста и изгорена.

 

Црвенилото кое се појавува и исчезнува е честа хронична кожна болест која првенствено го зафаќа лицето – розацеа.

 

– Ако го притиснете црвениот дел од кожата и веднаш го пуштите, црвенилото прво ќе исчезне, а потоа веднаш се враќа како што се враќа крвта во тој дел – вели дерматологот Хилари Болдвин, претседател на американското здружение за акни и розацеа.

 

Со тек на време, може да се појават мозолкки, кожата може да чеша, а капиларите стануваат видливи. Доколку ова црвенило формира осип на лицето во облик на пеперутка, и тоа преку носот и образите, треба да се тестирате на лупус, автоимунолошка болест која предизвикува воспаление на различни делови од телото.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина