Марихуаната се вбројува на пописот на дроги кои не се дозволени за слободно консумирање, па од тука се уште се користи како психофармаколошко средство во медицината, што во некои земји е се уште нормална работа. Поради своето силно аналгетско и смирувачко делување, марихуаната успешно отстранува болки, емоционална напнатост, стравови и го подига расположението и го засилува апетитот. Ова на пациентите кои боледуваат од карцином честопати им го олеснува секојдневието.

Се поголем број научни истражувања и забележани случаи ја потврдуваат поврзаноста на канабисот (лат. cannabis sativa) со низа здравствени предности, вклучувајќи го и ублажувањето на болките и отстранувањето на симптомите на епилепсија. Освен тоа, научниците тврдат дека постојат многу други начини на кои марихуаната може да делува на здравјето, а кои сакаат подетално да ги истражат.
Едно истражување потврдило дека кај болните од воспаление на цревата, како што е Кроновата болест и улцерозниот колитис им годело лекувањето со марихуана. Истражувањето спроведено во 2014 година проучувало две групи кои боледувале од Кронова болест, од кои на едната група им била давана марихуана, а на другата плацебо лек. Истражувањето покажало ублажување на симптомите на болеста кај 10 од 11 од испитанците кои земале марихуана и кај 4 од 10 испитаниците во групата која земала плацебо лек.

Марихуаната контролира епилептични напади

Лекот Епидиолекс, кој содржи ЦБД, е на добар пат да стане првиот одобрен лек од овој вид кој помага во лекувањето на ретките облици на детска парализа и детска епилепсија. Фармацевтската компанија ГВ Фарма, која го произведува овој лек, ги истражува потенцијалните влијанија на ЦБД кај Драветовиот синдром, редок облик на епилепсија кој се јавува во текот на првата година од животот, а има опасни повеќекратни напади. Компанијата ги објавила резултатите од истражувањата кои покажуваат позитивни ефекти од лекот на овој вид епилепсија, што ја докажува лековитата намена на растението коноп.

Може да влијае на рамнотежата

Земањето на марихуаната може да влијае на центарот за рамнотежа, со оглед на тоа што ТХЦ од марихуаната влијае на активноста во малиот мозок и базалните ганглии на дното на предниот дел од мозокот, два дела од мозокот кои ја регулираат рамнотежата, координацијата, реакцијата и држењето, па дури и рутинските однесувања, како очните движења, спознанијата и емоциите.

 

Може да го искриви чувството за време

Во истражувањето спроведено во 1998 година, во кое била користена магнетна резонанца за проучување на мозокот под влијание на ТХЦ, научниците забележале промени во протокот на крвта во малиот мозок, што најверојатно влијае на губењето на поимот за време.

Се чувствува засилен глад

Една од нус-појавите од консумирањето марихуана е и црвенило на очите, поради тоа што марихуаната ги шири вените, како и засилен апетит, поради што често оние кои ја земаат во тој миг имаат поголема желба за храна.

Истражувањето покажало дека марихуаната, благодарение на психоактивниот ефект ТХЦ влијае на делот од мозокот кој сигнализира ситост. Така, мозокот лаже и ги тера консументите да јадат, иако не се гладни.

Може да предизвика анкциозност

Научниците моментално се обидуваат да докажат дека ЦБД може да влијае позитивно на лекувањето на оние кои патат од анкциозност, иако многумина веруваат дека честата консумација на марихуана го зголемува ризикот од анкциозност. Како и кај депресијата, научниците не можат со сигурност да утврдат дали марихуаната влијае на анкциозноста.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина