Едно ново американско истражување покажува, меѓу другото, дека мажите со помали тестиси веројатно ќе бидат повеќе вклучени во грижата околу децата. Всушност, научниците од Универзитетот Емори од Атланта откриле дека пониските нивоа на тестесторон можат да ја потиснат желбата на мажите за секс, со што тие енергијата повеќе ќе ја насочат кон негата и грижата за децата.

А што големината на другите делови од вашето тело може да открие за вашето здравје прочитајте подолу•

Големи колкови

Тие се поврзани со губењето на меморијата. Научниците од Универзитетот во Чикаго, ја проучувале поврзаноста помеѓу формите на телото и меморијата на испитаниците. Резултатите од тестовите спроведени на речиси 8750 жени на возраст од 65-79 години покажало дека оние со поголеми колкови имаат послабо паметење.Научниците сметаат дека масните наслаги придонесуваат за когнитивните проблеми ограничувајќи го протокот на крв во мозокот.Меѓутоа, доколку мастите се таложат околу колковите, а не околу стомакот, личностите може да бидат повеќе заштитени од дијабетес и срцеви заболувања.

Долги прсти

Тие се поврзани со рак на простата и депресија. Научниците на Универзитетот во Ворвик и Институтот за истражување на рак ги набљудувале рацете на 1.500 пациенти заболени од рак на простата и 3000 здрави мажи. Тие откриле дека мажите чиј показалец е подолг од домалиот прст имаат многу помала шанси да се разболат од оваа болест. Причината за тоа научниците ја гледаат во тоа што овие мажи се изложени на помала количина на тестостерон пред раѓањето, што доведува до развој на подолг показалец. А помалата количина на тестостерон подоцна може да ги заштити од болеста (која се храни со тестостерон).

Истражувањето пак на Универзитетот во Алберта покажало дека мажите со релативно подолг показалец во однос на домалиот прст се посклони кон депресија. Депресијата е поврзана со пониски нивоа на тестостерон на кој биле изложени во утробата.

Слаби бутови

Едно данско истражување спроведено врз речиси 3.000 мажи и жени покажа дека луѓето со послаби бутови се повеќе склони кон болести на срцето и прерана смрт. Малата мускулната маса во оваа област би можела да влијае на чувствителноста на инсулин и да биде виновник за споменатите фактори на ризик.

Големи очи

Ги поврзуваат со кратковидност. Тие се навистина убави, но доколку имате големи очи може да значи дека во иднина мора да носите очила. Ако дијаметарот на вашите очи е и за еден милиметар подолг од 24 мм,  веројатно ќе бидете кратковидни. Ако окото има нормална големина, светлината ќе биде јасно насочена кон задниот дел на окото. Меѓутоа, ако е дури и еден милиметар подолг од нормалното,  светлото ќе се фокусира неколку милиметри пред мрежницата (а тука се преаработуваат сликите).

Кратки нозе

Долгите нозе може да значат помал ризик од дијабетес тип 2, според истражувањето спроведено на Универзитетот во Бристол. Се покажало дека за секој дополнителен 4,3 см во должина, се намалува ризикот од болести.

Доколку вашата мајка била недоволно исхранета додека сте биле во матката, можеби тоа е причината зошто имате пократки нозе. А бидејќи во утробата сте се приспособиле на помала количина енергија, панкреасот (кој лачи инсулин) не може добро да се справи со релативно нормалните количини на масти и јаглехидрати по раѓањето. Затоа е и повисок ризикот од болести како дијабетес тип 2 во средновечната возраст.

Мали уши

Можат да бидат атрактивни, но всушност покажуваат дека сте повеќе склони кон создавање на егзема и болести на бубрегот. Малите уши често значат и помал ушен канал (од надворешното до средното уво), па шансите за развој на егземата се поголеми. Аудитивните каналчиња се обложени со кожа која може да биде повеќе склона кон лупење (otitis externa). Ако имате мали, ниско поставени уши, под висината на очите, тоа често укажува на тоа дека имате проблеми со бубрезите. Никој не знае зошто.

Долг јазик

Ова би можело да значи дека се повеќе склони кон опструктивна апнеја за време на спиењето. Оваа состојба предизвикува прекин на дишењето за време на спиењето и погодува околу 4 проценти од средовечните мажи и 2 проценти од средовечните жени од популацијата.

Ако имате голем јазик или големи крајници, тие можат да го блокираат дишните патишта за време на спиењето. Во помалку сериозни случаи причинуваат рчење, а во посериозни случаи моѓат да предизвикаат прекин на дишењето од околу 30 секунди.

Тагови: органитело