Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, обвинет за сексуално вознемирување на повеќе од десетина жени и за неколку случаи на силување, наводно е на лекување од зависност од секс. Терапевтите објаснуваат за какво нарушување се работи.

 

Дебра Шилер е директорка на програмата за лекување од сексуална зависност “Пајн Гроув” во Мисисипи, САД. Таа објаснува дека ова нарушување најчесто настанува кај оние кои претрпеле големи трауми, но порнографијата тоа го менува.

– Луѓето растат со порнографија и рано стануваат зависни. Тоа станува нивен живот – вели Шилер, опишувајќи случај на маж кој гледал порнографија од четврта година од својот живот и сега не може да го помине денот ако не мастурбира шест пати дневно.
 

Пациентите кои доаѓаат во ,,Пајн Гроув,, се лекуваат со медикаменти, психотерапија, терапија со групна поддршка и развој на комуникациски вештини.
Тие учат како да престанат да ги гледаат луѓето како објекти, како да се носат со својата фантазија и еуфорија. Според Шилер, зависниците од секс, во суштина, мора да се ,,отрезнат,,.
Иако на лекувањето има и неколку пациенти, докторката вели дека женските случаи се ретки и дека жените главно се обраќаат поради компулсивна потреба за внимание или љубов.

Самото нарушување, како што објаснуваат стручњаците, е ,,хронично,, и ,,разорно,,.
 

– Постои некоја грешка во мозокот, поради која оние кои ќе се родат со недостиг на рецептори на домапин не можат да почувствуваат задоволство поради нештата кои веќе ги имаат во себе. Тие посегаат по надворешни помагала за да го поправат тоа и почнуваат уште во детството. Сексот е едно од тие помагала, кон кој луѓето почнуваат да прибегнуваат, со цел да се изборат со стресот – вели Шилер.

За жал, како кај дијабетесот, зависноста од сексот не е нешто кое може да се излекува. Меѓутоа, зависниците можат да добијат скапоцени техники за борба против зависноста и да го сопрат пропаѓањето на својот живот, односот со саканите луѓе и кариерата.

Шилер нагласува дека сексуалното вознемирување и силување е нешто што нема никава врска со зависноста од сексот.

– Силувањето е насилство. Ова нема врска со сексот, туку со доминцијата. Тоа е како претепување на некого. Тоа нема врска со зависноста од сексот – вели таа.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина