Одвреме – навреме доаѓа до привремено задржување вода во телото. Се будите и доживувате вистински шок – одеднаш имате цел еден килограм повеќе од претходниот ден!

Што всушност доведува до задржување на вода во телото и што може да се преземе? Дали е тоа само вода или има и масти? Добрата вест е дека е тоа само привремено задржување и дека се работи навистина за вода, а не за масти. Речиси е невозможно да се добие еден килограм повеќе за време на спиење. За да ускладите пола килограм масти, треба да изедете 3500 калории повеќе отколку што ви се потребни, што значи дека треба да изедете повеќе од 10.000 дополнителни калории за да добиете еден килограм во еден ден. Па, тогаш како се будиме со неколку килограми привремена ,,водена тежина,,? Ако сте здрави, нормално е понекогаш да дојде до привремени промени во течностите, кои често можат да се припишат на нешто што сте (не сте) изеле. Вашето тело при одржување на рамнотежата користи сложен систем, кој се состои од хормони и минерали како што се натриумот и калиумот. Понекогаш таа рамнотежа одвреме – навреме се нарушува и се будите со чувство на ,,натопен сунѓер,,.

Натриумот и задржувањето на вода во телото

Честопати за тоа е виновно големото внесување на натриум од солени и преработени намирници. Натриумот има многу важна улога во телото, но неговата количина во крвотокот мора да се одржува во значително мал распон. Ако изедете многу солен оброк (кој ке фрли бомба од натриум во вашиот крвоток), вашето тело ќе стори се што треба за да го ублажи, воглавно преку задржување на течноста, чиј резултат ќе го видите наутро во облик на отечено лице и раце.

Скробот и слатките ја задржуваат водата во телото

Еден оброк богат со преработени јагленохидрати исто така може да биде виновник. Ако вечерате оброк кој се состои воглавно од слатки и брашнести намирници како што е тесто, бел ориз или слатки напитоци, тоа ќе доведе до зголемување на нивото на шеќер во крвта, што ќе му сигнализира на телото да го ослободи инсулинот – хормон кој му помага на телото во преместување на шеќерот од крвотокот во клетките. И бидејќи оброкот богат со јагленохидрати може да доведе до нагло зголемување на инсулинот, задржувањето на течностите може да му се придружи на овој процес.

Хормоналните промени и задржување на вода во телото

И други хормони можат да се вклчат како виновници. Хормоналните промени до кои доаѓа за време на месечните циклуси на жените исто така можат да доведат до задржување и до два килограми течности, кои остануваат една и повеќе недели. Не можете да ги одбегнете, но затоа можете да влијаете врз тоа со промена на исхраната.

Совети за намалување на задржување на вода во организмот

Задржувањето на вода во телото често може да се среди со неколку едноставни промени во начинот на исхраната.

 Намалето го внесувањето на сол

Одбегнувајте да консумирате обработени намирници, како што се разни видови грицки, сувомеснати производи, зачини, супи и помалку солете ја храната.

Намалете ги преработениот скроб и слатките

Наместо преработени јагленохидрати, како бел леб, тестенини и бел ориз, префрлете се на нивни замени од цело зрно.

 Пијте многу вода

Сигурно мислите дека последно нешто што ви треба е да внесете уште вода во организмот, кога и онака се чувствувате преоптоварено. Но, внесувањето течности помага да се елиминираат вишокот соли и вода. Пијте минимум 6-8 чаши на ден.

Внесувајте калиум

Калиумот игра многу важна улога во одржувањето на рамнотежата на течности во телото, така што мора да биде во рамнотежа со натриумот. Го има во голем број овошја и зеленчуци.

Тагови: водатело
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина