Доколку и вам пречесто ви се случува импулсивно да изедете цело пакување чоколада или да ручате додека не ви се слоши, тогаш можеби е време да се запознаете со поимот “mindful eating”, кој станува се поголем тренд во западните земји. Постојат толку многу правила кога станува збор за храната, што понекогаш е невозможно да се придржуваме до нив. На пример, немојте да јадете јагленохидрати навечер, одбегнувајте масна храна, чоколадата е лоша за формата на телото, додека е добра за срцето, и така се до недоглед.

 

Замислите си да можете едноставно сите овие правила да ги отфрлите и да уживате во храната. Дали навистина ќе се обидете? Поимот mindful eating би можел да биде токму она што на сите нам ни треба. Се работи за начин на живот, односно за стратегија која ни овозможува да развиеме пофлексибилен однос кон храната која ја внесуваме во организмот. Поточно, се работи за поздрав пристап кон исхраната, која нема да ни предизвика непотребна количина на стрес.

 

Интуитивната исхрана се базира на тоа како јадеме наместо на она што го јадеме и не учи како правилно да ги препознаваме сигналите од своето тело, како што е вистинското чувство на глад или ситост. Колку пати сте се нашле во ситуација без никкава контрола да изедете цело пакување чоколада или сладолед, а потоа ни малку не сте се чувствувале среќно?

 

Најверојатно сте се чувствувале барем еднаш. Ако се придружите кон начелото на интутивната исхрана, ќе можете да ги одбегнете таквите ситуации. Само ако почнете малку повеќе да размислувате, теко ќе ви се случи потребата за прејадување, а тлесната тежина нема да ви се зголеми. Звучи одлично, зарем не? Но, како да се спроведе во пракса? За почеток, застанете и размислете. Дали сте навистина гладни, дали чувствувате дека желудникот ви е празен или посегнувате по храната од здодевност и од навика? Ако размислите за сето ова една-две минути, ќе си дадете на себеси можност за донесување на поинаква одлука. И, што е многу важно, научете да препознаете дали е се работи за глад или за жед. Звучи лудо, бидејќи секако дека ги пепознавате импулсите за течност и оној кој доаѓа од желудникот, но тоа не е секогаш правило. Нема да штети да се обидете да се напиете малку вода кога ќе почувствувате потреба за храна.

 

Потоа, сетете се дека околината е важен фактор при секој оброк. Јадете на мир секојпат кога е тоа можно, без попречувања од мобилниот телефон или од лаптопот. Не јадете на работната маса, покрај телевизорот, во превоз или додека завршувате некои работи низ град. Звучи банално, но премалку му придаваме значење на тоа како и каде јадеме.

 

Понатаму, треба повеќе внимание да обраќате и на самата храна. Малку повеќе загледајте се во боите, текстурата и обликот на храната која ја јадете. Почувствувајте ги миристе. Дали храната ви е солена, слатка или зачинета? Дали е крцкава или мека? На овој начин ќе добиете нова димензија за оброкот и храната ќе ја доживеете на начин на кој се немате навикнато и затоа, секако, ќе ја цените повеќе.

 

За крај, размислете за тоа колку брзо јадете. За еден квалитетен оброк треба да се одделат дваесеттина минути, што воглавно ни изгледа како научна фантастика. Но, ако не можете да одделите толку, потрудет се оброкот да не го завршите во само неколку минути, туку дајте си на себе време да уживате во јадењето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина