Во повеќето случаи сме во право, но заморот може да биде показател за нешто многу посериозно на кое треба да обратиме внимание и дури треба да се започне од најосновните чекори кои бараат промена на начинот на живот. Променте го времето кога си легнувате, одбегнувајте алкохол и слатки и хранете се здраво. Ако и по две-три недели од ваквиот здрав режим и понатаму се чувствувате уморно, веројатно се работи за поголем проблем.

 

Анемија

 

Заморот предизвикан од анемија е резултат од помалиот број црвени крвни зрнца кои ги хранат клетките и ткивото со кислород. Анемијат предизвикува недостиг на железо, губење голема количина крв и хронични болести, како што се ревматскиот артритис, канцерот или проблеми со бубрезите. Исто така, во повеќето случаи се јавува кај девојкикои имаат преобилни менструации, како и за време на бременост и доење.

 

Проблем со тироидната жлезда

 

Кога хормоните на тироидната жлезда се во дисбалан, секојдневната активнст може да ве замори. Преголемото лачење на хормонот (хипертиреотизам) го забрзува метаболизмот, додека хипотиретизмот го забавува.

 

Дијабетес

 

Секоја година повеќе од милион луѓе заболуваат од дијабетес тип 2, а многумина не ни знаат дека го имаат. Шеќерот или гликозата е ,,гориво,, кое му дава на телото силата за да функционира правилно. Кај оние кои имаат дијабетес тип 2, телото не може да ја употреби гликозата на правилен начин, па таа се трупа во крвта. Без доволна количина енергија кона е потребна за правилно функционирање на организмот, телото константно ќе биде уморно.

 

Депресија

 

Депресијата е една голема болест која влијае врз спиењето, консумирањето храна и чувството кон себе и другите. Без соодветни третмани, симптомите на депресијата можат да траат со недели, месеци, па дури и години.

 

Хроничен замор

 

Ова нарушување во организмот прави човек да се чувствува константно уморно, дури и за нормални активности како како што е одењето на работа или до продавница и слично.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина