Колоидното сребро (или сребрената вода) е течен раствор кој содржи мали количини сребро во себе. За разлика од антиобитиците, тој директно се разложува во телото и тоа е само една од причините за се поголемата употреба на овој препарат. Се користи превентивно, за градење на подобар имунолошки систем, но и против настинки, грип и други заболувања. Исто така, може да се нанесува и директно на кожата (на гребаници, исеченици, каснувања од пчели, изгореници…)

За што се е добра сребрената вода?

Веќе по нејзино кусо земање се забележува поголема белина на забите и поубав здив наутро. Шансите за добивање кариес се помали, а тоа е само почеток. Таа помага како превентивна мерка против настинки, а исто така е ефикасна во борбата против грипот и белодробните воспалувања, бидејќи го чистат телото од разни микроорганизми. Сребрената вода ја регулира телесната тежина. Во медицината се исто така користи како превентивна мерка против разни инфекции.

За разлика од фармацевтските лекови, сребрената вода ги напаѓа примитивните, едноклеточни габи, бактерии и вируси. Таа го спречува нивното размножување и на тој начин го подобрува имунолошкиот систем. Добра е и во борбата против кандидата. Првите резултати може да се очекуваат веќе по 3 – 4 недели од нејзината примена.

Користење на среброто низ историјата

Илјадници години наназад, среброто се користело како ефикасно антибактериско средство. Познато е дека го користеле античките Грци и Римјани. Малку пред појавата на модерната медицина и фармацевтските куќи, среброто се користело и како антибиотик. Грците користеле сребрени садови за да ги оддржуваат течностите и водата свежи. Римјаните виното го чувале во сребрени урни за да не се расипува, а во списите на старите Египќани е забележана употребата на среброто.

Во текот на средниот век, побогатите луѓе се штитиле од чума со употреба на сребрен есцајг. Кинеските цареви, пак, јаделе со сребрени стапчиња.

Пред да се воведат антибиотиците, колоидното сребро било во широка употреба во болниците. Во раните 1800 -ти, хирурзите користеле сребрени конци за раните и тоа носело многу успешни резултати. Но, во текот на 1930 – те години, синтетичкото производство на лекови го подобриле изгледот, го поедноставиле производството, а тоа довело до зголемување на профитот и создавање на голема сила на пазарот. Токму тогаш и од тие причини среброто ја загубило битката од антибиотиците. Но, во последниве неколку години тоа повторно ја пронајде својата примена во домаќинствата, но и пошироко.

Освен домашната, секојдневна примена, во Швајцарија се произведуваат сребрени филтри за прочистување на водата, како и таблети, и се користат во многу нивни домашни, но и меѓународни авиокомпании за да се спречи размножувањето на алги и бактерии. Во Јапонија, на работните места среброто е популарно средство во борбата против токсините во воздухот.

Освен ова, се смета дека колоидното сребро е успешно во борбата против конјуктивитисот, акните, настинките и грипот и болки во грлото. Среброто денес е многу чест предмет на истражување во медицината ширум светот, а тоа не треба да зачудува ако се земе предвид откривениот факт што ниеден микроорганизам не успејал да преживее подолго од шест минути кога бил директно изложен на колоидното сребро.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина