Сите знаеме што е тоа ПМС (предменструален синдром), но дали знаете што е тоа предменструално дисфорично нарушување?

Симптомите на ПМС се грчеви, неверојатна желба за храна, чувство на замор или нервоза и нагли промени на расположението. Доколку овие симптоми ги имате недела дена пред почеток на менструацијата, а не престануваат ни неколку дена откако започнал циклусот, големи се шансите да имате предментруално дисфорично нарушување (ПМДД).

Оние дами кои го имаат ова нарушување чувствуваат емоционални и физички симптоми слични на оние на ПМС и овие симптими ги попречуваат во извршувањето на секојдневните активности. Симптоми на предменструално дисфорично нарушување се: депресија, чувство на безнадежност, екстремна глад и нервоза, анкциозност, мала или голема потреба за сон од вообичаено, незаинтересираност за вообичаените активности, недостиг на самодоверба, потешкотии во концентрацијата, ненадејно чувство на топлина, главоболка и болки во мускулите. Кај некои жени ова нарушување е толку многу изразено, што во тој период размислуваат за самоубиство.

Стручњаците велат дека не посоти дефинитивен одговор што го предизвикува ова нарушување, но то а може да биде реакција на хормонските промени кои се случуваат во телото за време на менструалниот циклус. Студиите покажале дека жените кои патат од предменструално дисфорично нарушување имаат пониско ниво на сератонин и дека токму тоа ги предизвикува неговите симптоми.

Серотонинот е супстанција во мозокот која ги пренесува нервните сигнали, а одредени клетки во мозокот ја користат оваа супстанција за да ги контролираат расположението, концентрацијата, спиењето и болката.

Ако имате пет од симптомите на ова нарушување една недела пред почеток на циклусот, кои исчезнуваат веднаш кога тој ќе почне, тогаш со сигурност патите од него. Сепак, доколку ги имате овие симптоми, најдобро е да се обратите на доктор за да се утврди тоа.

Најчесто како терапија на жените кои страдаат од ПМДД им се препишуваат антидепресиви, хормонска терапија, витамински суплементи, вежбање и одредена исхрана, а се во зависност од тоа кои се симптомите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина