Дали некогаш сте гризнале јаболко и сте почувствувале како ве чеша слузокожата во устата? Или сте каснале банана или ореви и сте забележале дека ви отекол јазикот? Ако одговорот е ,,да,, тогаш постојат големи шанси да имате орален алергиски синдром или полен-нутритивен алергиски синдром, како што е познат истиот. До оваа вкрстена реакција доаѓа поради тоа што вашиот имунолошки систем не може да го разликува и идентификува прецизно протеинот од овие намирници и од поленот. Структурно тие се слично, па не може да се направи дистинкција.

Ова е честа појава. Симптомите обично се чешање на слузокожата, лесно отекување на јазикот, трнење, отекување на усните и на грлото. Ретко може да доведе до анафилактички шок. Повеќето луѓе не ги доведуваат во корелација алергиите кои ги имаат на полен со крос-реакцијата на намирници. Прик тестовите кај овие луѓе најчесто се негативни на овие намирници, но се позитивни на поленот од амброзија, трева и бреза. Овој синдром се проучува во последниве десет години, но е поприсутен и подолго отколку што мислиме. Обично се појавува кај тинејџерите, адолесцентите, возрасните, а поретко кај помалите деца. Повеќето симптоми не траат долго и се појавуваат веднаш по консумирање храна или најдоцна еден час потоа. Најдобро се третираат со антихистаминици, како што е епинефрин. Во ретки случаи на алафилакса, се лекува со антишок терапија. Затоа, доколку се посомневате дека го имате овој синдром, информирајте се кога цветаат растенијата на кои сте алергични, земајте терапија и направете прик тестови. Научете кои намирници се врзуваат за кои полени, бидејќи тие можат да ги влошат алергиските сезонски реакции на полен. Ако сте алергични на полен од бреза (цвета од март до мај), потенцијални поттикнувачи за орален алергиски синдром се бадемите, јаболките, морковите, праските, коријандерот, целерот, црешите, лешниците, кивито, нектарините, кајсиите, сливите, пиперите и крушите. Брезата најверојатно е најпроблематичниот полен и е најчест крос-алерген.

Доколку сте алергични на поленот од трева (цветаат од април до ноември). Тогаш треба да одбегнувате да јадете лубеници, целер, дињи, портокали, праски, јаболки и домати. Можната крос-реакција можно е да се појави со кој било од претходно наведените полени со: ситно овошје (јагоди, боровинки, малини) цитруси (портокали, лимони, грејпфрути), грозје, смокви, кикиритки, анананас, нар, лубеници, манго.

Ораниот алергиски синдром тесно се поврзува и со алергијата на латекс. Оние кои се алергични на латекс треба да одбегнуваат авокадо, банани, костени, киви и папаја.
Консумацијата на кој било од овие поттикнувачи предизвикува слична реакција, но реакцијата е секогаш посилна во текот на цветањето на тие полени. Сепак, не сите намирници ја предизвикуваат реакцијата која ги поврзува со полените на кои една особа е алергична. Можете да имате проблем само со неколку намирници.
Најсигурен начин со кој ќе се заштитите е елиминацијата на намирниците кои се доведуваат во крос-реакција со полените. Сепак, не морате засекогаш да се откажете од сите овие намирници. Јадете ги во помали количини, ограничено, поретко, дури и ако сте на антихистаминска терапија. Најдобра заштита е овие намирници претходно термички да се обработат. А тој начин се нарушува структурата на протеините во храната, а тие се главниот поттикувач на реакцијата. Исто така, можете да се обидете и да ја лупите лушпата на овошјето и зеленчукот, и на тој начин да ги одбегнете протеините кои воглавно се сконцентрирани во кората.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина