Се работи за темни дамки за кои многумина погрешно веруваат дека настанати се како последица од изгореници од сонце или дека се работи за сончеви пеги. Но, всушност се работи за состојба на кожата позната како мелазма, која најчесто го зафаќа челото, образите, горната усна и брадата. Причината за појавата на мелазмата е прекумерното работење на клетките (меланоцити), кои се одговорни за производството на меланинот. Добра вест е дека оваа болест се лекува лесно. Таа може да се да се појави и во полесни и во потешки облици и воглавно ги напаѓа жените, и тоа во 90% од случаите. Почесто се јавува кај оние со потемна боја на кожата.

 

– Многу од моите пациенти не се свесни дека нивните дамки на кожата се честото нарушување познато како мелазма. Честопати го припишуваат на изгорениците од сонце или на оралната контрацепција. Исто така, не се свенси дека ова нарушување може да се излекува – објаснила Лорен Плох, дерматолог од САД.

 

Што ја предизвикува мелазмата?

 

Иако не е сосема разјаснето, истражувачите се сомневаат дека главна причина е изложеноста на сонце. Ултравиолетовото светло може кај некои луѓе да ја засили работата на клетките одговорни за бојата на кожата.

 

Хормонските промени кај нарушена работа на штитната жлезда и за време на бременост, но и контрацепцијата, исто така можат да бидат причинители за појава на мелазма.

 

Како да се знае дали имате мелазма?

 

Дакмите кои го предизвикуваат ова нарушување можат да бидат многу суптилни, а други сиптоми нема. Дерматолозите обично ја поставуваат дијагнозата по преглед на кожата, па затоа најдобро е да се појде кај стручњак ако имате некакви сомнежи. Освен на лицето, некои дамки имаат и на вратот и на подлактиците.

 

– Иако не претставува опасност, а често се појавува по изложување на сонцето, ова нарушување може да укажува на зголемен ризик од појава на рак на кожата – напомнува Лорен Плох.

 

Како се лекува?

 

Како прво, важно е редовно да се користи крема за сончање, што помаа во раната фаза. Исто така, постојат и посебни ласерски третмани и пилинг на кожата кои помагаат за отстранувањето.

 

Тагови: мелазма
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина