Третманите кои подразбираат средување и ,,пеглање,, на брчките со помош на многу ниски температури станаа нов популарен тренд во светот. Жените ширум светот се полудени по овој козметички новитет. Стручњаците тврдат дека оваа замена за ботоксот, освен естетски има и други погодности за здравјето. Овој вид терапија е одличен за циркулацијата и ако се користи на вистински начин, тврдат стручњаците, влијае на симнувањето вишок килограми.

 

За разлика од ботоксот, овој третман е нетоксичен и времето кое е потребно за ставање на фротоксот е само 20 минути. Со вбризгување течен азот во близина на нервите и мускулите кои треба да бидат затегнати е заслужено за резултатите кои се добиваат по оваа постапка.

 

Азотот целно ги замрзнува нервите кои се наоѓаат помеѓу челото и веѓите. За време на хибернација на овие мускули, тие се опуштаат и потоа се добива мазна кожа, без несакани брчки. Иако е ова нов тренд, досегашното искуство покажало дека освен овие привремени методи на подмладување, постојат индикации дека овој вид естетски корекции можат долгорочно да влијаат на подмладувањето и можат да претставуваат своевиден еликсир на младоста. Сепак, се уште не постои доказ дека овој вид на терапија имаат долготраен ефект.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина