Дали сте слушнале некогаш за теф? Теф е ситна житарка од африканско потекло, чии лековити својства воопшто не одговараат на нејзината големина. Теф најмногу расте во Етиопија, каде од неа се прави нивниот традиционален леб без квасец, познат како ињера. Инаку, теф е мала житарка со големи бенефити по здравјето на човекот. Многу нутриционисти тврдат дека е совршена доколку сакате да ја подобрите својата исхрана и да му обезбедите на организмот совршена комбинација од нутритиенти. Покрај тоа што е една од ретките житарки која не содржи глутен, таа е богата со железо и е многу вкусна, па многумина ја нарекуваат киноа. На позитивната промоција на оваа житарка влијаеше и Холивуд, бидејќи од неодамна ја открија голем број познати личности, па ја спомнуваа и Гвинет Палтроу и Викторија Бекам, а за неа во една од своите емисии зборуваше и популарниот доктор Мехмет Оз. Таа е извор на протеини за веганите и вегетаријанците. Единствената негативна страна кај оваа житарка е тоа што е многу скапа и што кај нас сигурно уште некое време нема да може да се купи. Ако сепак размислувате да ја набавите, тогаш прочитајте ги сите нејзини лековити својства, кои сигурно ќе ви ги подари оваа необична житарка.

Лековитите својства на теф

Висока нутритивна вредност. Теф е многу богата со протеини кои се во одлична комбинација со дури осум аминокиселини, кои му се неопходни на телото за раст и репарација. Содржи многу големи количини на манган, фосфор, железо, бакар, алуминиум, калциум, тиамин и витамин Ц, кој не е својствен да се најде во житарките. Железото во теф многу лесно се апсорбира во организмот и затоа се препорачува да го јадат оние кои патат од анемија.

Не содржи глутен. Бидејќи теф не содржи глутен, таа може да биде одлична алтернатива за оние кои боледуваат од целијакија, оние кои се нетолерантни на глутенот или оние кои од кои било причини не сакаат да јадат намирници кои содржат глутен.

 

tef2

 

Го регулира нивото на шеќерот во крвта. Ако сте дијабетичар, тогаш секако треба да размислите да почнете да ја користите теф во својата исхрана, со цел да имате подобра контрола врз шеќерот во крвта. Теф содржи отприлика 20 – 40% резистентен скроб и има релативни низок гликемиски индекс, што им помага на дијабетичарите за подобро регулирање на шеќерот во крвта.

Ја регулира работата на цревата. Теф е одлична намирница ако имате проблем со тврда столица и со работата на цревата. Со нејзина редовна употреба се ќе се регулира, а освен тоа и брзо заситува.

Содржи мала количина натриум. Теф им се препорачува на сите оние кои имаат висок крвен притисок и кои внимаваат на исхраната посебно поради здравјето на кардиоваскуларниот систем. Непреработениот теф е многу подобар од оној кој се преработува и вари, бидејќи обично во таквите производи се додава натриум и многу други адитиви.

 

tef3

 

Има многу мала количина на масти. Природно оваа одлична житарка речиси и не содржи масти.

Многу е практичен. Еден важен дел од нутритивно адекватните храни е тоа што одредени здрави намирници можете да вклучите во повеќето јадења кои ги подготвувате, а таков е случајот и со теф. Теф е многу разновидна житарка, која можете да ја готвите на пареа, во вода или да ја печете. Од неа можат да се прават палачинки, снегулки, протеински барови и многу други намирници.

Има одличен вкус. Теф е многу вкусен и го има оној оревест вкус кој им е својствен на сите житарки. Лесно може да се комбинира со многу други намирници. На изглед најсличен е со семето од мак, само што има поинаква боја.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина