Тешкиот емоционален стрес може да предизвика ненадејни болести на срцето кои претставуваат иста долгорочна штета врз срцето како и инфарктот, покажало најновото истражување. Такотсубо кардиомиопатијата или ,,синдромот на скршено срце,, најчесто е поттикнат од трауматични настани како што се ожалостеноста по загубата на некој член од семејството или на саканата личност. За време на нападот, срцевиот мускул ослабнува до точка до која повеќе не може да фукционира толку ефикасно како порано. Иако претходните истражувања укажувале на тоа дека нанесената штета била привремена, научниците од Универзитетот во Абердин, Шкотска, сега утврдиле дека ефектите можат да бидат трајни, исто како кај срцев удар.

 

Во студијата, која ја финансирала Британската фондација за срце, тим доктори прегледела 37 болни со дијагноза на такотсубо кардиомиопатија, во просечен период од две години, користејќи се со ултразвук и МРИ скенирање. Притоа откриле дека учесниците имале немерлива штета на мускулното ткиво на срцето, кое имало намалена еластичност и кое ги оневозможувала целосните контракции со секое отчукување на срцето.

 

Според една друга студија, која била спроведена на медицинската пкола во Харвард, повеќе од 90% од пријавените случаи на на Такотсубо кардиомиопатија биле жени на возраст од 58 до 75 години.

 

– Такотсубо е разорна болест – објаснува професорот Џереми Пирсон, помошен директор во БХФ. – Порано мислевме дека последиците од оваа опасна болест се привремени, но сега гледаме дека можат да имаат влијание врз луѓето до крајот на животот.

 

Пирсон додал дека моментално не постои долгорочен ретман за пациентите, бидејќи порано докторите мислеле дека сите пациенти целосно ќе закрепнат.

 

– Ова ново истражување покажува дека постојат долгорочни ефекти врз здравјето на срцето на пациентите – заклучил тој.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина