Физичките и психичките симптоми на ПМС ги познава секоја жена. Некогаш се силни и понепријатни физичките, а понекогаш психичките, а кога хормоните во главата на жената ќе вклучи вртелешка, се чини како таа да сака тоа лудило да го смени за еднонеделни болки во половината и градите и за грчеви во стомакот.

 

Дури и кога жената заборава кога треба да добие, се појавуваат симптоми кои ја предупредуваат – станува нервозна и гладна, има потреба за силни вкусови и зачинета храна, и се јаде нешто масно и слатко и нема шанси да биде умерена во тоа. Тогаш се претвора во личност која станува сред ноќ и оди до фрижидерот да грицке нешто, или крие чоколада во фиока, за итни случаи. Се поставува прашањето како таа успева да ги ,,истурка,, овие денови и да ги врши дневните обврски. Дали е тогаш помалку сконцентрирана и дали ПМС влијае врз нејзиното расудување и расмислување. Според истражувањата кои ги спровеле швајцарските научници, нема место за загриженост.

За време на ПМС жените размислуваат и резонираат подеднакво паметно и јасно, како и во сите други денови. Научниците следеле седумдесеттина жени за временски период од два месеца и им давале психолошки тестови со цел да го испитаат нивното помнење – можноста за логички грешки и нивото на концентрација, односно, да испитаат дали промените на нивото на хормоните естроген, прогестерон и тестостерон влијаат врз когнитивните функции. Официјалниот заклучок од истражувањето е дека нивото на хормоните не влијае врз размислувањето и другите когнитивни функции кај жените и дека тие за време на ПМС-от и менструацијата размислувале подеднакво јасно, како и инаку.

 

Сепак, постои она нешто поради кое жените не се сосема свои, кога хормоните почнуваат да ,,дивеат,,, а тоа нешто не влијае врз нивното размислување и резонирање. Ако потребата за мир и разбирање и нежност се поизразени, па ако овој дел изостанува во животот на жената, тогаш не е ни чудо што тогаш тие се пораздразливи, поранливи и посклони да се расплачат поради се и сешто. Меѓутоа, постои уште нешто – околу 5% од жените патат од т.н. предменструално дисфорично нарушување  (ПМД), кое може да се опише како ПМС на квадрат и кое, како што утврдиле истражувањата, навистина влијае врз способноста за концентрацијата и решавањето на проблемите, а го следи депресивно расположение, чувство на безбадежност, потиштеност како и видлива и постојана раздразливост, лутина, склоност кон конфликти, што секако влијае на сите односи – и деловни и приватни.

Жените кои патат од ПМД почнуваат да ги чувствуваат овие симптоми десеттина дена пред менструацијата. Во борбата против ПМД помага избалансирањето на природен начин, одморањето и опуштањето, умерените вежби и прошетки, а секако треба да се поведе сметка и за исхраната, да не се внесуваат преголеми количини храна, посебно не шеќери, сол, кофеин, маснотии и алкохол, бидејќи сите овие се стимуланси кои дополнително раздразнуваат. Растителните чаеви за смирување, како и додатокот на магнезиум, витамин Б, калциум и железо исто така ќе помогнат да се помине одвој непријатен период без поголеми турбуленции, односно, без конфликти кои можат да го загорчат животот. Најважно е жената да биде свесна што и се случува и да биде подготвена да се заштити себеси и да го контролира своето однесување за време на овој исклучително непријатен период, кога навистина не е своја.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина