Поголемиот број нутриционисти, доктори и здравствени работници ќе ви кажат дека целосното исфрлање одредени намирници од исхраната, со исклучок на нетолеранцијата на нив, може да му штети на здравјето, вели Independent.

 

И покрај тоа што во последно време е забележан напредок во т.н. “clean eating” (да се јаде чисто), голем број луѓе и понатаму настојуваат да консумираат безглутенски производи, нерафиниран шеќер, одбегнуваат месо, млечни производи и сета преработена храна, без разлика на тоа што не се алергични на нив.

 

Но, кога ваквиот начин на здрава исхрана ќе прерасне во опсесија, го нарекуваме орторексија (ortorexia nerviosa), нарушување во исхраната кое подразбира претерана преокупација со здрава исхрана и одбегнување на онаа која се смета за нездрава.

 

Поимот за прв пат го употребил во 1990 година докторот Стивен Братман. Како што анорексијата е страв од дебелеење, така орторексијата е страв од тоа да не се јадат намирници поради кои нема да бидеме здрави. Добро е да се промовира здрава исхрана, но не треба да се претерува со тоа. Здравата исхрана подразбира умереност во исхраната, а не опседнатост со неа.

 

Професорот по психологија на Универзитетот во Тулуз, Патрик Дено, вели дека онок кој боледува од орторексија е ,,заробен од низа правила коишто си ги наметнува врз себе”. Притоа тој се изолира општествено, прескокнува општествени настани, на кои е во опасност да дојде во искушение да изеде, на пример, пржени компирчиња.

 

Нутриционистката од Париз, Софи Ортега, предупредува дека “clean eating” влијае на недостигот на витаминот Б12 во организмот, кој е застапен во јајцата, млечните производи, месото и рибата.

 

Орторексијата се уште не е болест која е евидентирана во медицината, како што се анорексијата и булимијата, потсетува психијатарот Алан Перо, објаснувајќи дека повеќе ,,се работи за фобија”, отколку за нарушување во исхраната.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина