Книгата “Моцарт ефект: Забележливата моќ на музиката во исцелување на телто, јакнење на умот и ослободување на кративниот духна Дон Кемпбел зборува за ефикасноста на методот Томатис кај деца со потешкотии во однесувањето, учењето, со нарушување од аутистичен спектар, со Даунов синдром, церебрална парализа, но и кај менаџери кои извршуваат одговорни функции во своите корпорации како и кај некои познати музичари.

Која е основата на Томатис методот која во педесеттите години од минатиот век бил интензивно тестиран и истражуван? Доктор Алфред Томатис открил промени во слушање на човекот, односно дека промената во слушањето автоматско ги менува гласот, телото и умот. Неговите научни откритија биле прифатени во 1957 година од страна на француската Академија на науките во Париз, а се забележани во три Томатис закони:

 

  • Гласот ги содржи само оние фрекфенции кое ги перцепира увото.
  •  Фрекфенците кои се неправилно обработени повторно ќе се појават во гласот веднаш и несвесно.
  • Со тек на време, континуираната и повторувана акустична стимулација доведува до трајни промени во слухот и говорот.

 

Всушност, Томатис методот е вежба за мозокот. Тој го стимулир аи исправа мозокот и целиот нервен систем.
Доктор Томатис работел многу со деца со аутизам и со аутистично однесување, со дислексија (95% успех) и со проблеми со концентрацијата, пелтече и моторички проблеми. Овој метод добро работи со сите видови стрес и емоционални проблемиПо игра на случајот, доктор Томатис открил дека дека неговиот метод исто така функционира многу добро кај многу други проблеми. Тој имал голем успех кај Мениеровата болест, 80% подобрување кај состојба на вртоглавица, 60% подобрување кај зуење во ушите и 50% подобрување при губење на слухот. Сите овие три симптоми се карактеристични за Мениеровата болест.

Да го разгледаме сеа малку подетално овој метод.

Нашето внатрешно уво се состои од кохлеа и од вестибуларен систем:

  •  Кохлеата е одговорна за анализа на брановите од звукот и за пренос на електричните импулси до мозокот.
  •  Вестибуларен систем ова тело е поврзано со сите мускли во телото и испраќа информации за состојбата на држење и движење на нашето тело. Тој е исто така одговорен за сликата на телото, свеста за телото и за нашата приентација во просторот, за сите доброволни и присилни движења, за мускулниот тонус, напнатоста во телото, контракциите или опуштањето, за грубата и за фината моторика. Увото е орган со најголем број нерви во телото.

За пејачите овој метод носи бројни бенефити. Всушност Томатис својата работа ја започнал токму со пејачи кои го загубиле гласот или кои сакале да ги подобрат неговите квалитети. Можеме да го репродуцираме само она што го слушаме.


Накусо, Томатисовите истражувања покажуваат дека:

  • Секоја промена на гласот е тесно поврзана со психолошкото однесување
  • Постои врска помеѓу гласот и расположението
  • Гласот делува како огледало на сите психолошки процеси
  • Движењето, ритамот и телото се поврзани со увото
  • Слушниот и вестибуларниот систем влијаат на автоимуниот нервен сисем, на дишниот ситем, срцето, крвните жили, срцето, крвните садови и системот за варење.
  • Добриот слушател е предуслов за личен раст
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина