Гледате предмети кои ви се блиску, но оние кои се далеку се нејасни? Можеби притоа патите и од главоболки и ви се мати пред очите? Ако ова ви звучи познато, тогаш можеби имате миопија или кратковидост. Овие прашања и одговори помагаат да се објасни тоа често нарушување на видот.

 

Што е миопија?

 

Зборот потекнува од грчкиот збор “myops”, што значи да се мижи. Претераното мижуркање е еден од знаците за миопија, состојба во која предметите во близина можат јасно да се видат, но оние коишто се далеку не. Угледниот американски офталмолог Тим Бехме вели дека миопијата не е болест туку девијација од нормалното. Нејзината зачестеност е се поголема, па Светската здравствена организација проценува дека од неа до 2050 година може да пати половина од светската популација. Колку што е миопијата потешка, толку потешки можат да бидат и последиците ако не се лекува. Една од нив е аблација на мрежницата. Затоа е важно што поскоро да се постави дијагноза. Офталмолозите тоа ќе го утврдат со внимателен преглед на окото и рефракција на светлината, која помага во фокусирање на предметите и ако е потребно ќе одреди соодветна диоптрија со цел да се исправат ретрациските грешки во окото.

 

Што ја предизвикува?

 

– Таа обично се јавува кога очното јаболко е предолго – вели Френк Шефел, професот на Офталмолошкиот институт при универзитетот во Тубинген. Порди предолгото очно јаболко, фокусот ,,паѓа,, пред мрежницата, а не на неа, што го оневозможува создавањето на изострена слика на оддалечените предмети.

  • Очното јаболко на возрасен која е предолга само за милиметар резултира со миопија со диоптрија -2,7 – вели Шефел, зборувајќи за мерната единица која ја опишува рефрациската грешка.
Кој е повеќе склон на миопија?

 

Состојбата обично се јавува помеѓу 6 и 25 година од животот, велат струќњаците, но не е сосема јасно зошто. Генетската предиспозиција има само помала улога, вели австралискиот офталмолог, Ијан Морган. Научниците укажуваат на надворешни причинители, како што е работа при која премногу се напрегаат очите со гледање во предмети на многу мала оддалеченост.

 

Дали е миопијата излечива?

 

Миопијата е прогресивна, но кај училишните деца таа може да се намали. Тие треба повеќе да си играат надвор и да ги одмораат очите од напрегнато гледање во предмети на мала оддалеченост. Според Шефел, посебни очила и капки за очи кои содржат во себе атропин исто така помагаат во стопирање на прогресивноста на миопијата.

Кај возрасните, отприлика по 30-та година, можат да се решаваат само симпомите на миопијата, но не и самото нарушување. Тој со миопија мора да носи соодветни очила или контактни леќи. Исто така како опција стоии ласерската операција.

Тагови: миопијаочи
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина