Во гените е запишана информацијата за градбата на секој жив организам и неговото функционирање. Во природата се вкрстуваат и комбинираат само гените од сродните видови или единки кои припаѓаат на еден ист вид. Но, генетскиот инжинеринг всушност овозможува вкрстување и комбинирање на гените на сосема различни видови, и ги менува живите организми на начин кој е невозможен во природата. На пример, научниците во рамките на истражувањата, во ДНК на доматот ги ставиле гените од бактерии, во јагодите гените од риба, а во овошјето – човечки гени. Така настануваат генетски модифицираните организми, кои се познати под скратеницата ГМО.

 

Кои се проблемите со ГМО?

 

Генетски модифицираните намирници се вештачки, непожелни и непотребни, И покрај спротивните тврдења на корпорациите, ГМО се непредвидливи, а нивното одгледување претставува ризик и неповратен чекор, чиишто последици никој не може да ги предвиди со сигурност. Ако одбиеме да користиме генетски модифицирани намирници, можеме да го спречиме тој експеримент со природата и со човековото здравје.

 

Каков ризик носат генетски модифицираните намирници?

 

Во овие растенија се уфрлени гени кои потекнуваат од разни бактерии и вируси со цел да станат отпорни на различни штетници и плевел. Токму таа е причината за загриженост и страв од непредвидливи последици по животната средина и здравјето на луѓето. Со оглед на тоа што се уште не постојат студии кои на соодветен начин би го процениле можниот  ризик од употребата на генетски модифицирани намирници врз здравјето на луѓето, не е сосема јасно каде ќе не одведе тоа. Уште повеќе, доколку ГМО се прошири и на животната средина, ситуацијата може да излезе од контрола.

 

 

Како да препознаете генетски модифицирани намирници?

 

Европскaта унија донесе закон според кој се пропишува задолжително означување на генетски модифицираните намирници и храната за животни. На тој начин потрошувачите ќе бидат детално информирани и ќе имаат можност да одбијат да купуваат вакви производи. Според овој закон, сите производи кои содржат во себе вакви состојки или се направени од состојки кои содржат повеќе од 0,9% генетски модифицирани организми, мора да бидат обележани. Треба да се има превид дека генетски модифицираните посеви, како што се на пример генетски модифицираната соја (ГМ) и пченката, може да се наоѓаат во десетици илјади трговски производи како состојка. Секоја компонента или состојка, која е произведена од генетски модифицирани организми, мора да биде наведена во декларацијата на производот. Предупредувањата за присутност на ГМ состојки во производите обично може да се најдат на истото место каде стојат информациите за составот на производот. Овие информации честопати се напишани со многу мали букви. Така, во содржината на составот може да стои напишано: направено од генетски модифицирана соја.

 

Какви се прописите со кои се уредува користењето на ГМО?

 

Меѓу најчесто генетски модифицираните посеви спаѓаат: сојата, пченката и ласлената репка. Сепак, постојат одредени пропусти во прописите. На пример, производите од животни (месото, рибата, млекото, јајцата) кои се хранети со генетски модифицирана храна, не мора да бидат обележани. А голем дел од модифицираните посеви се користи токму како храна за животните. Ако земем предвид дека три четвртини од целокупниот принос од генетски модифицираната соја, пченка и малсена репка се користи како храна за свињите, говедата и живината, тогаш тоа е навистина сериозен порблем.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина