Често спомнуваме  за него и можеме да кажеме дека е еден од најважните резерви за спортистите кога се работи за перфоманси и издржливост во било кој спорт.

Од 1960 година па до сега се извршувале големи истражувања како да ја зголемат оваа значајна резерва која дава брз извор на енергија кога е потребна. Гликогенот е резервна материја која кога е потребна се претвара во глукоза и служи како примарен извор кога тренираме интензивно или кога дигаме големи тежини.

 

  • Резервите негови се наоѓаат во мускулите и во црниот дроб.
  • Резервите се доволни за 1 ден гладување.
  • Од тој поглед повеќе гликоген значи и повеќе снага,издржливост и подобри перфоманси во спортот.
  • Маратонците го знаат тоа и затоа секогаш пред било кој маратон јадат многу јаглехидрати за да ги надополнат резервите на гликоген.
  • Од аспект на нормален човек е битен затоа што кога ќе се потрошат сите резерви на гликоген тогаш се топат и мастите.
  • Тогаш реагира глукагонот и со помош на одредени амино-киселини телото се претвара во машина за горење маснотии.
  • Ако сакате да стигнете ептен ниско со масните наслаги гликогенот игра голема улога,затоа што неговото складирање не дозволува да се стопат “тврдоглавите” масни наслаги како што се стомакот и грбот кај мажите и бутовите и нозете кај жените.
Како да ги зголемам резервите за гликоген?

Напредните спортисти треба да земаат забелешки. Има повеќе начини да го зголемиме нивото на гликоген еден од нив е преку цик цак диети, carb cycling, keto-cycling или мал пост. Тие диети функционираат затоа што го ставаат телото во еден вид на гладување и комбинирано со спортски активности со висок интензитет со одредени денови висок внес на протеини или масти го ставаме да ги согорува резервите на масти и протеините да ги претвори во глукоза исто и мастите од глицеролот.

Одредени денови имаме 3-6 дена имаме низок внес на јагленхидрати,висок внес на протеини или масти комбинирано со интензивен тренинг по што следи “полнење” со јаглехидрати каде што јадеме одредено количество јагленхидрати од 800 грама нагоре(зависи до тежината на персоната) од 14-16 грама на секој кг е доволно за надополнување на резервите на гликоген.

Друг начин за зголемување на гликогенот е преку пиење многу вода и конзумирање на креатин монохидрат.

Освен што гликогенот што може да се претвори во глукоза тој собира и додатно количество вода се со цел да се зголеми волуменот на мускулите и зголемување на протокот на вода во мускулите за подобра хидратација и исфрлање на токсините.

Креатинот монохидрат освен што ги зголемува резервите на АТП докажано е дека ги зголемува и резервите на гликоген па така сите атлети и спортисти пожелно е да ја користат оваа вредна состојка.

Што заклучивме за гликогенот?

Глокогенот е една од главните резерви кога се користи за интензивно вежбање,резервен енергенс што телото го користи при глад.Ако премногу се конзумираат јаглехидрати и кога ќе се достигне неговиот лимит се што е додатно се претвара во адипозно ткиво и користи за регулирање на глукозата при глад.