Вагината е женски полов орган во чија внатрешност се одвиваат разни физички и хемиски процеси. Таа е учесничка во репродукцијата, но и ,,ходник,, низ кој циркулира менструалната крв и други телесни излачувања. Нејзината сложена функција и структура се условени не само од природните предиспозиции, туку и од начинот на кој го негувате ова чувствително интимно подрачје. Но, за да го сочувате интимното здравје, треба да обратите внимание на следниве нешта. Сигурно веќе знаете дека единствен начин да се заштитите од полно преносливи болести е да немате незаштитен секс. Исто така, се подразбира барем еднаш годишно да појдете на преглед кај гинеколог.

Погледнете што е добро, а што лошо за вашата вагина:

1.Лубрикант
Секојпат кога не сте доволно влажни, употребете лубрикант. Освен што ,,сексот на суво,, е болен и непријатен, тој исто така ја иритира и слузокожата на вагината, што им отвора пат на разни инфекции.

2.Исхрана

Јогуртот ја зголемува присутноста на добрите бактерии во вагината, што е одлично за спречување на габичните инфекции. Ако страдате од сувост, консумирајте производи од соја, како што е млекото од соја или тофуто.

3. Памук
Секојпат кога можете, носете памучна долна облека, која има моќ одлично да ја впива влагата. Гаќичките од синтетички материјали го поттикнуваат развојот на бактерии и инфекции, а неретко можат да предизвикаат иритации на надворешните гениталии.

4.Сапуни за интимна хигиена
Гинеколозите би ви препорачале да не користите никакви хемиски средства за нега на интимните зони. И топлата вода е доволна за вагината да ви биде чиста. Ако веќе морате, бидете многу внимателни за време на нивната употреба. Бирајте ги оние кои се без мирис и добро исплакнете ги, бидејќи ја сушат слузокожата и кожата на вагината.

5.Спречете го циститисот
Секоја просечна жена барем еднаш во животот имала циститис, болно воспаление кое го зафаќа делот помеѓу мочниот меур и аналниот отвор. За да го спречите или намалите размножувањето на бактериите, поведете сметка за начинот на кој ја бришете интимната регија по одењето во тоалет. Бришењето од аналниот отвор кон вагината шири инфекции, па затоа треба да се бришете во обратна насока.

6. Чувајте ја природната ph вредност
Топлата вода и агресивната бања може да ја наруши природната ph вредност на слузокожаѕа на вагината. Вагината има моќ сама да се заштитува, што значи дека е сосема доволно да се измие нејзиниот надворешен дел со нежен сапун. По туширањето одбегнувајте да се бришете долу грубо со крпа.

7. Одбегнувајте бањи со силни мириси

Одбегнувајте бањи кои имаат силни мириси или кои прават пена. Наместо тоа земете некој неутрален гел за туширање или најобичен сапун за бебиња.

8. Вежбајте ги мускулите на карличниот дел

Стискајте ги мускулите исто како кога се стегате кога ви се уринира, па опуштете ги. На овој начин ќе ги зајакнете мускулите на карлицата и делот околу вагината. Вежбата можете да ја повторувате и во неколку серии во текот на денот.

9. Бидете редовни на прегледите

Одете редовно на преглед на гинеколог, било да се работи само за рутинска контрола или за сериозен проблем. Не ги запоставувајте симптомите на болестите и никако не користете антибиотици без да се консултирате со доктор.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина