Апраксијата настанува како последица од оштетување на мозочниот паренхим поради мозочен удар, траума, тумор или дегенерација. Ретко причина може да бидат и оштетувања во другите делови од мозокот. Симптомите од апраксијата се разликуваат од болен до болен, но воглавно вклучуваат неможност за изведување или осмислувања на сложени, туку на веќе научени моторички способности. Пример за тоа е еден поединец која гледа геометриски облик, може да држи молив, способен е да црта, разбира дека задача има да го прецрта тој геометриски облик, но сепак не успева да го направи тоа. Типично е што оној кој се бри со апраксија не го прпеознава својот дефицит. Апраксијата кај децата може да се препознае и при испитување на способностите на извршување на секојдневните вообичаени активности како што е мафтањето, одењето наназад, отворањето брави, користење ножици и слично. Ако некој има проблем со овие активности, важно е да се утврди дали се работи за моторички дефицит или за апраксија.

 

Апраксијата може да биде моторичка, идеомоторичка, идеаторна и специфична. Кај моторната апраксија се работи за оштетување на колатералните сензо-моторичка регија во мозокот. Како последица од тоа настанува потешкотија при изведување на мирни движења. Иако најчесто се појавува кај децата, можно е оваа болест да се појави и кај возрасни, посебно кај постарите луѓе. И покрај вољата и физичката способност за да се направи некоја физичка активност, поединецот може да не биде способен да ја изведе, а да не е свесен за тоа. Кај децата може да се забележи дека се ,,забавени,, односно дека сите работи ги изведуваат бавно, непрецизно и вложуваат во нив голем напор. Кај идеомоторичката, пак, апраксија, на пример се појавуваат потешкотии при изведување активности на заповед – како што е прекрстување на рацете, салутирање и слично.

 

Детска говорна апраксија

 

 

ДГА или детска говорна апраксија е невролошко нарушување при кое се оштетени прецизноста и конзистентноста на говорните движења. Ова може да предизвика абнормален рефлекс и тонус. Главен проблем кај детската апраксија е планирањето и координирањето просторно – кај временските параметри на движење, a тие резултираат со грешки во изговорот. Се јавува кај едно до две деца во илјадници, а понекогаш се јавува во комбинација со други потешкотии. Почеста е кај момчињата отколку кај девојчињата и во најголем процент е наследна.

 

Ова нарушување, слично како и дислексијата, влијае на друштвеноста на детето и на неговиот успех во училиште и во другите активности. Тие еден збор го изговараат на повеќе различни начини, го менуваат редоследот на гласовите во зборовите или во речениците и имаат лоша координираност на устата, што може да доведе до засилено лачење на плунка. Поради потешкото контролирање на говорниот апарат, детето има проблеми со изговарање на гласовите и зборовите. Детската говорна апраксија има и неговорни моторички знаци, како што се неспретност, замор и општа слабост, оштетување на оралните моторички движења, намален тонус на мускулите и хиперсензитивност или хипосензибилност. Дијагнозата за оваа болест се поставува веќе до третата година од животот, иако таа знае честопати да биде и незабележана. За нејзино третирање потребна е логопедска терапија и вежбање на говорот дома.

 

Кај секој вид апраксија се применува различна терапија и не постои специфично лекување. Како и кај сличните на неа потешкотии кај децата и возрасните, поединецот ќе остане зависен од помошта на другите при вршење на секојдневните активности или барем за некои.

 

Тагови: апараксија
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина