Болката и заморот во мускулите се дел од процесот на градење на силата и издржливоста и јасен знак дека меѓу вежбањата треба да постои соодветен период на одмор. Но, што доколку и по ден-два одморање од вежбањето поворно имаме болка и чувствуваме дека многу не боли? Тоа би можело да биде знак дека ви е потребна стручна помош од физиотерапевт.

 

– Болката е аларментен систем на вашето тело, начин на кој тоа ви кажува дека нешто не е во ред – објаснува физиотерапевтот Чарли Џонсон, кој за сериозна болка ја смета секоја болка или непријатност кои оневозможуваат да се изведуваат правилни движења, вежби и перформански со телото.

 

Џонсон во својата кариера многу пати се среќавал со овие проблеми, па со тек на време развил метод со кој ја рангира болката и го дијагностицира проблемот.

 

За тоа ја користи црвената, жолтата и зелената боја, за да може да ја разбере болката во онос на актвноста која ја има предизвикано.

 

Црвена: Болка која ја чувствуваме при вежбање, a која останува и по вежбањето и се влошува вотекот на ноќта или денот.

 

Жолта: Болка која ја чувствуваме при вежбање со понизок интензитет, а која престанува веднаш или се намалува набрзо по завршувањето на активноста и подоцна.

 

Зелена: Болка која се чувствува, но коа не ја попречува активноста и која целосно престанува по вежбањето.

 

Ако болката припаѓа во црвената категорија, доктор Џонсон секако препорачува да се прекине со физичката активност се додека таа не престане, бидејќи само така може да се спречи да се влоши состојбата која сигурно би предизвикала уште поголема болка.

 

Ако се наоѓате во жолтата категорија, можете да продолжите со вежбањето, без посилни притисоци на болното место, со цел да ги ублажите непријатноста и болката. И тогаш можеби би било добро да се посети стручњак за акутната болка да не се претвори во посилна и хронична.

 

Ако реагирате на време, полесно е да се спречат понатамошните симптоми – вели тој, а колку порано ќе се реши проблемот, поголема  веројатноста дека ќе дојде до целосно закрепнување. Во тој случај, стручњакот ќе го дијагностицира проблемот и ќе препише терапија која е ја изведуваат стручни лица или ќе добиете ,,домашна задача,, со прилагодени вежби.

 

Она што Џонсон секако го советува на сите кои во еден момент ќе почувствуваат болка е никогаш да не ја прифаќаат како ,,постојан придружник,,, надевајќи се дека ќе помине како и што дошла. Тоа не оди така, и во та ситуација одморањето и стручната помош се најдоброто решение кое ќе ви помогне многу брзо да му се вратите на вежбањето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина