Добро е познато дека алкохолот значително многу дебелее. Слатките, исто така! Но, по напорен ден и едното и другото често ни се најдобри пријатели. Во пар се обично многу лоша комбинација, но ако сакаме да се одлучиме за едно од овие две, добро е да се знае што е поздраво, односно нездраво. Ако сте решиле да се храните здраво, време е да ги исфрлите од дома калоричните намирници и повеќе да не ги купувате. Ова е листата на намирниците кои дебелеат повеќе отколку што мислите.

 

 

Вино и слатки

 

 

Раширено е мислењето дека една чаша вино е здрава, но исто така знаеме и дека алкохолот значително дебелее. Но, од што повеќе ќе ни се зголеми обемот на половината – од виното или од озлогласените слатки?

 

Секогаш се дебелееме од количините. Треба да знаете дека црниот дроб го претвора виното во шеќер. Така, ако се испие 100 мл. Вино и ако се споредат со 100 гр. слатки, секако дека слатките се покалорични. Навечер испиените 1,5 до 2 дл. вино во одредени прилики се поздрави отколку да изедете нешто слатко во иста количина, како на пример торти или колачи. Значи, гласините се вистинити – виното е секогаш подобар избор, само ако ја знаете вистинската мерка.

 

 

Газирани пијалоци

 

Тоа што на лименката пишува “зеро”, односно нула калории, не значи дека тој пијалок е добар за вас и дека е добро да се пие додека сте на диета. Иако се рекламираат како здрава замена за пијалоците со шеќер, соковите со вештачки засладувачи можат всушност да направат вистински хаос во организмот. Затоа би било најдобро да ги исфрлите од вашето мени и наместо нив да почнете да пиете свежо цедени сокови од овошје и зеленчук.

 

Пржена храна

 

Никој не може да каже дека пржените компирчиња не се вкусни и не значи дека овде-онде не можете да си дозволите по една порција од најсаканата пржена храна. Но, тоа не значи дека дома секогаш мора да имате пржена храна или ќесиња чипс. Научно е докажано дека заситените масни киселини можат да го зголемат ризикот од развој на дијабетес, дебелина и срцеви болести.

 

Маргарин

 

 

Не дозволувајте да ве залажува тоа што маргаринот е на растителна база – се работи за хидрогенизирана растителна маст, позната како ,,смрт за целиот организам,,. Единствена причина поради која луѓето се свртуваат кон маргарин наместо путер е неговата цена, бидејќи е двојно поевтин, но секогаш е подобро да се јаде помалку, но поквалитетно.

 

Виршли

 

Освен што се направени од месни отпадоци, виршлите и другите месни преработки содржат многу повеќе сол, кој го задржува вишокот течности во телото. Ако сакате да се храните здраво, заборавете на виршлите, паштетите и саламите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина