Како што знаеме, некои токсини го напуштаат нашето тело побрзо, некои побавно, а овие вториве се таложат во меките ткива и масните ткива, како што се дојките. Секако, тешко е во денешно време да се одбегнат токсините во целост, но можеме да го намалиме свесното изложување на нив со избор на помалку опасни или ризични опции. На пример, одредени пластични соединенија се однесуваат како ксеноестрогени.

 

Попречување на работата на хормоните

 

Ксеноестрогените го имитирале делувањето на сопствениот естроген, а тоа во истражувањата се покажало неповолно за ризикот за настанок хормонски и карциногенези. Пример за едно такво попречување на работата на хормоните со несакано засилување на ефектот на естрогените се фталатите и бисфенолот А, како и некои хербициди и пестициди.

 

Во исхраната тоа значи одбегнување храна од конзерви, бидејќи тие одвнатре се обложени со бисфенол А (БПА). Фталатите се вообичаена состојка на пластичните шишиња (воедно содржат и БПА) од газираните пијалоци и други напитоци.

 

Соја – да или не?

 

Изофлавините на сојата (даидзеин, генистеин и други) докажано имаат естрогено слично делување, но двојно. Имени, изофлавоните делуваат во интеракција со естрогенот на повеќе од 20 начини. Има такви кои делуваат антиестрогено (заштитно) од естрогеното (го засилуваат делувањето). Сепак, до сега студиите немаат покажано недосмислен и сигурен став за тоа дали сојата помага/штити или поттикнува/го одмогнува развојот на карциномот, како што покажуваат големите популациски студии од азиската и американската, односно од европската популација.

 

Некои истражувачи истакнуваат дека разликата е во тоа значителното консумирање на соини производи во азиските земји започнува пред пубертетот, за разлика од европската и американската прехранбена култура.

 

Прокељ, кељ, брокула, карфиол…

 

Зелкаските зеленчуци (исто така и вишните и црешите) содржат глкарат, органско соединение кој е вклучен во метаболизмот на естрогените во црниот дроб, па на тој начин се поддржува неговата природна регулација и се намалува изложеноста на ризикот. Ензимот бета глукуронидаза е вклучен во фазата II на детоксикација, и неговата зголемена активност се поврзува со зголемениот ризик од различни карциноми, посебно кои се поврзани со делувањето на хормоните, како што е случајот со дојките. Ваквата умерена и долготрајна редовна конзумација на зеленчук од ова семејство може да биде корисна во смисла на превенција и заштита на дојките. Ако не сакате прокељ, можете да ги консумирате другите – брокула, зелка или карфиол. Исто така, не морате да ги варите, иако специфичниот мирис стручњаците ги асоцира веднаш на сулфорафан, уште еден скапоцен заштитен слој од ова семејство. Можат да се цедат или да се додаваат во омиленото смути, како на пример сок од кељ и јаболко.

 

Одбегнувајте пржено и масно

 

Препораките се на се не се драстично различни од општо познатит епрехранбени совети за заштита од карцином – одбегнувајте пржена, реш печена и масна храна. Бидете умерени со алкохолот и дневно јадете од 6 до 8 порции овошје и зеленчук. Рибата редовно нега ви биде на вашето мени, користете семки и јаткасти плодови и ладно цедени масла, за добар баланс на маснотиите.

 

А, во врска внесувањето дополнителни витамини и минерали, потребно е претходно советување со својот доктор или фармацевт.

 

 

Тагови: градисоја
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина